fbpx

Хепатит Б и Ц ве демнат на маникир и на педикир

-

Хапатитите Б и Ц ве демант  во козметичките салони. Маникир, педикир и тетоважа со нестерилна опрема претставуваат опасност за пренесување на оваа инфекција речиси исто како и незаштитен секс или употреба на иста игла кај наркоманите. Ова се заклучоците од семинарот на НВО „Хепар центар“ од  Битола на тема „Трансмисијата на хепатитот преку козметичките третмани“ што се одржа денеска во Битола.

Ивана Драгојевиќ, претставник на здружението „Хронос“ од Белград, Србија, која и самата е инфицирана од вирусот, вели дека можноста да се заразите со хепатит е голема во козметичките салони токму поради нерегулираниот правен статус на овие работилници.

– Опасноста да заболите од хепатит Б или Ц во козметички салони е голема, затоа што од една страна пациентите не знаат дека се болни, а од друга страна оваа болест е стигматизирана и никој не сака да признае дека боледува од неа. Така, еден едноставен третман со турпија може да ве зарази од оваа болест, бидејќи турпијата не се стерилизира, а вирусот на неа се задржува од четири до седум дена. Значи, секој допир на кој било козметички препарат до вашата слузокожа, каде што имало абразија, може да биде опасен, ако пред вас имало инфициран клиент – вели Драгојевиќ.

Иако не постојат детални анализи ниту во Србија, ниту во Македонија за тоа колкав е процентот на инфицирани од хепатит, сепак Драгојевиќ, според одредени статистики, наведува дека 60 проценти од заболените од хепатит Б или Ц се обични луѓе и не спаѓаат во онаа група на ризични пациенти, како наркомани или сексуални работници.

Драгојевиќ препорачува државата да воведе регулатива и  протокол за тоа кој сè може да отвори козметички салони и кој сè може да се занимава со оваа дејност.

– Мора да се стави ред во оваа сфера, државата да  го контролира овој дел, околу посетување школи или курсеви, контрола на козметичките препарати, задолжителна стерилизација и слично – вели Драгојевиќ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.