fbpx

Десет пациенти од штипска Ортопедија досега заразени со хепатит Ц

-

Центарот за јавно здравје од Штип потврди уште два нови случаи на болеста хепатит Ц кај пациенти, коишто претходно биле лекувани на Oдделението за oртопедија во Клиничката болница во Штип. Со ова, бројката на заболени со оваа болест кај поранешни пациенти порасна на десет. Првите пациенти беа регистрирани во текот на август.

Засега нема потврда дека токму условите, лекувањето и опремата на Ортопедија е причина за заболувањето кај овие луѓе. Од направените тестирања кај лекарите и персоналот, нема ниту еден носител на вирусот, потврди директорот на Клиничката болница, Ален Ѓеорѓијев.

– Постапено е по сите препораки од Институтот за јавно здравје. Направени се обуки, следени се инструкциите за стерилизација. Од почетокот на септември пред секоја операција кај секој пациeнт се прават задолжителни скрининзи за хепатит Ц – изјави директорот Ѓеоргијев.

Заболените се пациенти од источниот регион, на кои им е заедничко што се лекувале на Одделението за ортопедија во Клиничката болница во Штип. Институтот за јавно здравје засега нема сигурна потврда од каде е изворот на заразата.

Хепатитис Ц се шири преку заразена крв, при ракување со заразени шприцеви и друга опрема, преку сексусален однос, трансфузиони и несигурни здравствени процедури.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...