fbpx

Српски „Информер“ ја утна прогнозата за распитот на Боки 13

-

Најавувајќи го распитот на првоосомничениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, кој на 23.09.2019  беше изведен пред обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, српскиот портал „Информер“ ја дезинформираше јавноста. Имено, уште рано утрото во 08,28 часот , некоклку часа пред закажаниот распит на Јовановски, споменатиот портал објави текст со наслов во кој прејудицира дека Боки 13 ќе ги открие сите валканици во аферата „Рекет“: „БОКИ 13 денес во Обвинителството ги открива сите валкани тајни на аферата „Рекет“! Јовановски е осомничен за изнудување на 1,5 милиони евра, кого ќе повлече со себе?! (BOKI 13 DANAS U TUŽILAŠTVU OTKRIVA SVE PRLJAVE TAJNE AFERE “REKET”! Jovanovski osumnjičen za iznudu 1,5 miliona evra, KOGA ĆE POVUĆI ZA SOBOM?!)

Но, наспроти ваквата најава на „Информер“, како што се виде во текот на денот, Јовановски на распитот воопшто не дал исказ пред обвинителката Вилма Русковска, бидејќи не му било овозможено да ги види сите докази против него.

„На Бојан Јовановски не му беше овозможено да ги види сите докази. Тој денеска беше повикан да даде исказ, а не во тој исказ да се подметне известување за завршена истрага“, изјави неговиот адвокат Сашо Дуковски. Тој исто така рече дека: „во историјата на македонското правосудство не се случило, во ист ден да се донесе решение за завршена истрага и да се бара изјава од осомничен кој претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него“.

Така што, Боки 13 допрва ќе ги проучува доказите , па ќе дава исказ во Обвинителството.

Но, освен што предвидувањата во насловната конструкција не се остварија, пренесена е погрешна информација и во содржинскиот дел на текстот, поточно во делот каде што се тврди дека е продолжен притворот на второосомничениот во аферата, Зоран Милески – Кичеец.

„На Јовановски, како и на бизнисменот Зоран Милески, кои се осомничени во аферата „Рекет“ за изнуда од 1,5 милиони евра, пред десет дена им е продолжен притвор за уште 30 дена“. („Jovanovskom, kao i biznismenu Zoranu Mileskom, koji su osumjičeni u aferi “Reket” za iznudu 1,5 miliona evra, pre deset dana produžen je pritvor za još 30 dana.“)

Јовановски навистина доби нови 30 дена притвор, но тврдењето за продолжување на притворот Милески е неточно. Притворот на Милески е заменет со домашен притвор, откако на 24.09.2019 година судија на претходна постапка, по добиено позитивно мислење од Обвинителството, го уважи предлогот на одбраната како основан.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител. Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор,“ се вели во соопштението од Основниот кривичен суд во Скопје.

Со оглед дека жалбата не го одлага извршувањето, од Основниот кривичен суд информираат дека решението е испратено до странките, а обвинетиот ќе биде спроведен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом.

Па, како што може да се види од соопштението на Обвинителството, наводите на „Информер“ за притворот на Кичеец се погрешни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...