fbpx

Давутоглу: Турција сака да отвори што повеќе поглавја од преговорите со ЕУ

-

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека во односите меѓу Турција и ЕУ е остварен голем напредок од неодамнешниот самит на Анкара и на Брисел и оти целта на неговата земја е отворање уште поглавја од преговорите со Унијата.

– По последниот самит ЕУ-Турција, односите со ЕУ се значително забрзани. Ново поглавје е отворено по речиси четири години – рече Давутоглу на заедничката прес-конференција со бугарскиот колега во Софија.

ЕУ вчера отвори преговори со Турција за ново поглавје во рамки на поголемата спогодба за помош на Европа за справување со мигрантската криза.

Давутоглу рече дека целта на Турција е отворање на дополнителни поглавја во пристапните преговори со ЕУ и оти сака тој процес да заврши што е можно побргу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...