fbpx

За 24 часа, 3.851 бегалец влегле во Македонија

-

Во изминатите 24 часа, издадени се потврди на вкупно 3.851 странски државјанин, од кои 1.595 се од машки пол, 756 се од женски, 1.264 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 236 се деца што патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.622, Авганистан – 1.148 и на Ирак – 1.081.

Досега, од 19 јуни годинава, издадени се потврди на вкупно 317.507 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија (185.121), потоа на Авганистан (76.653), на Ирак (34.292), на Иран (6.231), на Пакистан (5.416), на Палестина (2.158), Сомалија (1.276), државјани на Бангладеш (1.253), на Мароко (1.317), на Конго (514), Алжирци (453), Либанци (434), Нигеријци (279), додека другите се во помал број.

Во последните 24 часа до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...