fbpx

Попоски во работна посета на Норвешка

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска престојува во работна посета на Кралството Норвешка.

Попоски за време на посетата ќе се сретне со норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бренде, како и со министерот за одбрана, Ине Ериксен Сореиде.

За време на средбите, како што соопштија од МНР, се очекува да бидат разменети мислења за продлабочување на билатералните односи, за поддршката од Кралството Норвешка на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, како и за актуелни прашања од меѓународната агенда.

Министерот, исто така, ќе се сретне и со претставници на комисијата за надворешна политика и одбрана на норвешкиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...