fbpx

ССНМ и ЗНМ со реакција за постапувањето на истражните органи во случаи со новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираат на постапувањето на Основното јавно обвинителство (ОЈО) и Министерството за внатрешни работи (МВР), овојпат поврзано со уредничката во Телма телевизија, Весна Јовановска-Дојчиновска. Реакцијата се однесува на случај во кој...

Новинарката Соња Делевска од sdk.mk повикана во полициска станица за објавен текст

Новинарката Соња Колевска-Делевска од порталот sdk.mk денеска била во полициската станица Беко во Скопје на „службен разговор во врска со поплака“ за објавен текст, објави sdk.mk. Поканата за службен разговор ѝ била доставена во саботата од вооружени полицајци на домашна адреса. Лицето која ја пријавила...

Лани регистрирани пет напади кон новинари во земјава, проблем се заканите на социјалните мрежи

Во 2021 година, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) регистрирало пет напади кон новинари, што е помалку во споредба со регистрираните 14 напади во 2020 година. Иако бројот на вербални и физички закани се намалува, како проблем останува фактот што новинарите и медиумските професионалци...

Тупанчески потврди дека закони ќе се менуваат за да се подобри третманот на новинарите

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска ги појасни вчера најавените измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се намалуваат казните за новинари и уредници за наведените дела, а рече и дека Кривичниот законик веќе се менува за да се...

Пендаровски: Сите државни институции се должни да овозможат непречен пристап до сите информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и Медиумските работници (ССНМ) денеска, на 3 Мај, Меѓународниот ден на слободата на медиумите организираа настан под мотото „Безбедни новинари и медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“. Целта на настанот е да...

Меѓународен ден на слободата на медиумите: Неказнивоста вознемирувачка и на македонско и меѓународно ниво

Неказнувањето за заканите и убиствата на новинари останува постојана грижа ширум светот, како пречка за обезбедување безбедност на новинарите и има застрашувачки придонес во авто-цензурата. Неказнувањето е проблем и кај нас. Ситуацијата со реформите во медиумскиот сектор остана непроменета во текот на 2021 година, ...

Репортери без граници: С.Македонија за 33 места погоре на Индексот за слобода на медиумите [инфографик]

С. Македонија годинава се наоѓа на 57 место на Светскиот индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници и бележи скок од 33 места погоре во споредба со 2021 година. Нашата земја, заедно со Црна Гора, бележи најголем скок од регионот на Балканот...

Светски ден за слобода на медиумите: Секој втор медиумски работник сака да најде нова професија

За тоа каква е состојбата со медиумите и статусот на новинарите во земјава говорат податоците од анкетата спроведена од Синдикатот на новинари и медиумски работници, каде половина од испитаниците се изјасниле дека би ја напуштиле професијата ако им се укаже прилика, 72,7 отсто од...

Новинарката Вера Гирич на Радио Слободна Европа загина во руски воздушен напад на Кијив

Вчерашниот руски воздушен напад на Кијив беше кобен за новинарката на Радио Слободна Европа (РСЕ), Вера Гирич. Една од ракетите погодила станбена зграда во украинскиот главен град, при што загинала новинарката на сервисот на украински јазик на РСЕ. Страшната вест денеска ја потврди и главната...

Институциите „неми“ за медиумите: Тетовските новинари мака мачат да дојдат до информации

Повеќето институции во Тетово се затворени за медиумите, а со тоа и јавноста нема никакви информации за  нивните активности. Најчесто се работи за регионалните дирекции на државните институции, судството и обвинителство, но и тетовската клиничка болница. Голем дел од институциите не ја разбираат потребата...

Слободата на изразување е нарушена поради закани и недостиг на медиумски реформи, забелешки и од Брисел

Слободата на изразување е еден од клучните критериуми што секоја земја-аспирант за членство во ЕУ мора да ги исполни. Според новата методологија за проширување, поглавјето за слободата на изразување и медиумите припаѓа на првата група, онаа на основните права. Сепак, во Извештајот за напредокот...

Реформите на МРТ стојат во место, приходите и бројот на вработени продолжува да опаѓа [инфографик]

Нема позитивни придвижувања за решавање на проблемите со кои се соочуваа Македонската радио-телевизија, реформите стојат во место, а со текот на времето се појавуваат нови, дополнителни предизвици што го доведуваат во прашање нормалното функционирање на јавниот радиодифузен сервис на земјава. Најновиот мониторинг-извештај со наслов „Следење...

Новинарските и медиумските организации против враќањето на државните кампањи во медиумите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до Претседателот на Република Северна Македонија, до Претседателот и претставниците на Владата на С....

ЗНM: Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков, а пресудата од Стразбур доаѓа откако домашните судови претходно пресудија дека уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов треба да му платат над 9.000 евра штета...

Комисијата за жалби при СЕММ досега разгледувала над 500 претставки, речиси 80 отсто се за онлајн медиуми

За осум години функционирање, Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) разгледала над 500 доставени претставки, а за забележување е дека речиси 80 отсто од нив се однесувале за онлајн медиумите. Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за...

Рускиот новинар Муратов ја продава Нобеловата награда за да им помогне на украинските бегалци

Новинарот и главен уредник на рускиот весник „Новаја газета“, Дмитри Муратов денеска изјави дека Нобеловата награда за мир што ја доби лани ќе ја стави на аукција за да собере фонд за помош на украинските бегалци, јавува Ројтерс. „Ги повикувам аукциските куќи кои се заинтересирани...

Вистиномер: Кој го кочи давањето информации од јавен карактер?

Од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, велат дека Законот не дозволува да се казнуваат службениците кои кријат информации од јавен карактер. Оттаму нагласуваат дека заради законските ограничувања може да ги казнува само назначените лица за посредување...

Доделени новинарските награди од ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ги додели новинарските награди на Соња Колевска-Делевска од СДК.мк за најдобра истражувачка сторија, на Јадранка Костова од Фокус за животно дело и на Убавка Јаневска и Данела Саздова од Дума.мк за известување на теми од локално и...

Со порака „не на војната“, вработените на една од последните независни телевизии во Русија се збогуваа од публиката

Eдна од ретките независни телевизии „ТВ Дожд“ ја емитуваа својата последна програма пред колективно да се збогуваат и да се одјават, симболично, со емитување на Лебедовото езеро. Вработените на „ТВ Дожд“ вчера, на крај од вечерните вести, се собраа околу водителите, кои порачаа „не на...

ЗНМ: Недозволива е јавна пресметка на општина Валандово со новинарите

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ ја осудува јавната пресметка од страна на општина Валандово со новинарите. Денеска на официјалниот профил на општина Валандово на социјалната мрежа Фејсбук беше објавена реакција предизвикана од објавите на новинарот Ване Трајков, со наслов “Фолк Фест Валандово не...

Горивата од ноќеска поевтинуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати од вечерва се намалуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Бензините поевтинуваат за денар и половина, па од ноќеска на полноќ, бензинот...