Лани регистрирани пет напади кон новинари во земјава, проблем се заканите на социјалните мрежи

-

Во 2021 година, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) регистрирало пет напади кон новинари, што е помалку во споредба со регистрираните 14 напади во 2020 година. Иако бројот на вербални и физички закани се намалува, како проблем останува фактот што новинарите и медиумските професионалци сè повеќе се предмет на закани и малтретирање на социјалните мрежи, рекоа од ЗНМ на денешната промоција на годишниот извештај за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите во 2021 година.

Во контекст на правната заштита, во овој извештај се наведува дека лани бил направен позитивен чекор бидејќи беа изработени измените и дополнувањата на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Кривичниот законик. Беа прифатени речиси сите забелешки на ЗНМ за намалување на висината на надоместокот за нематеријална штета при утврдена вина на новинар и дополнување на деловите за исклучување од одговорност за клевета и навреда.

Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик, иницирани од ЗНМ и новинарскиот синдикат, беа инкорпорирани барањата за системска заштита на новинарите и медиумските работници, со тоа што нападот врз новинар и медиумски работник ќе се третира како напад кон службено лице, што значи дека ОЈО ќе постапува по службена должност, а казните кон напаѓачите ќе бидат зголемени, се наведува во годишниот извештај.

Во овој извештај се третира и социо-економската положба на новинарите, која лани беше дополнително влошена поради пандемијата, односно поради намалувањето на приходите од огласување во целиот медиумски сектор.

„Работниот статус на многу новинари, особено во приватните медиуми е несигурен, бидејќи новинарите главно имаат договори на определено време или хонорарни договори, не им се исплаќа надоместокот за пензиско и социјално осигурување, примањата им се ниски, а не им се почитуваат и другите работнички права“, велат од ЗНМ.

Во декември 2021 година била донесена судска пресуда во корист на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) за онлајн-закана кон сите новинари напишана на фејсбук-страницата на ЗНМ. Извештајот посочува дека ова е прв пример обвинителството и судот да истражат и да санкционираат сериозна онлајн-закана изречена кон новинари.

Во случајот на нашата земја, од ЗНМ велат дека особено загрижува говорот на омраза и етикетирањето новинари и медиумски работници од страна на политичари и други носители на јавни функции. Покрај тоа, надлежните институции и судовите сè уште не водат доволно ажурна евиденција за заканите и нападите врз новинари, ниту, пак, ги објавуваат ваквите податоци. Сепак, позитивно е што надлежните институции се отворени за соработка со ЗНМ и низ заедничките консултации покажуваат подготвеност да се работи на подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници.

Годишниот извештај за минатата година е изготвен во рамките на проектот Регионална платформа на Западен Балкан, финансиран од Европската комисија. Заедничката платформа Safejournalists.net ги следи промените во законодавството и практиката во седум балкански земји.

Официјални лица од администрацијата на Трамп испратиле воени планови во групен чет со новинари

Високи претставници за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, вклучително и неговиот секретар за одбрана, испратиле воени планови за претстојни воени напади во Јемен во групен чет на безбедна апликација за...

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место...

АНАЛИЗА: Скоро 10.000 слободни работни места, се отвора „патот“ за вработувања на странци и на сезонци

Пред пратениците две законски решенија – легализација на работа на странци со и без квоти и вработувања на сезонски работници. Целта е да се поедностават процедурите за вработувања на оваа категорија...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Официјални лица од администрацијата на Трамп испратиле воени планови во групен чет со новинари

Високи претставници за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, вклучително и неговиот секретар за одбрана, испратиле воени планови за претстојни воени напади во Јемен во групен чет на безбедна...