fbpx

Османи – Рибеиро: Руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите

Министерот Бујар Османи денес оствари средба со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро, соопшти Министерството за надворешни работи. На средбата биле разменети мислења за состојбата поврзана со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ. Воедно, било констатирано дека руската агресија врз Украина има...

СЕММ го осудува невнимателното медиумско известување околу самоубиството на ученик

Советот за етика во медиумите на Македонија остро реагира за невнимателното и неетичко известување на медиумите околу самоубиство на ученик во скопската гимназија Корчагин. „СЕММ ги потсетува своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува...

Евростат: 72 отсто од македонските граѓани се информираат од онлајн медиуми

Мнозински 72 отсто од македонските граѓани на возраст меѓу 16 и 74 години во 2021 година го користеле интернетот за читање на онлајн медиуми или за информирање преку електронските верзии на весниците, покажуваат податоците на Евростат. Ова е идентичен процент со просекот на земјите-членки...

ССНМ билтен: Положбата на жените во медиумите и предизвиците со кои се соочуваат

Положбата на жените во медиумите и предизвиците со кои се соочуваат, изложеноста од ризици за вербални закани, навреди и физички напад, важноста од обезбедување на економска стабилност е главната тема во новиот број на публикацијата на ССНМ „Новинарството како јавно добро“, во која е...

„Комунална хигиена“-Скопје го осуди вербалниот напад врз новинарката од Мета, ќе има дисциплинска одговорност

Откако на 15 август во населбата Кисела Вода двајца вработени во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје вербално ја нападнаа новинарката Илинка Иљоска вработена во новинската агенција Мета и се обидоа да ја спречат при вршење на работна задача, денеска се огласија од ова јавно претпријатие. „Најостро го...

ЗНМ реагира, новинарката Илинка Иљоска од Мета вербално нападната поради направени фотографии од нерасчистено ѓубре

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува заканите и навредите од страна на вработени во „Комунална хигиена“ - Скопје (КХС) кон новинарката Илинка Иљоска од новинската агенција Мета, коишто се случиле утрово во скопската населба Кисела Вода. „ЗНМ бара од Комунална хигиена Скопје да...

ЗНМ: Новинари против нивна волја задржани во претпријатието „Комунална хигиена – Скопје“

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на службеници од секторот за односи со јавност и од обезбедувањето на „Комунална хигиена – Скопје“ кои, како што се вели во соопштението, денеска сериозно ги прекршиле правата на новинарите Фуркан Салиу и Авни Тахири,...

ЗНМ: Екипа на телевизија Алсат спречена да ја врши својата работа

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара итна реакција од општина Сарај за вчерашна случка со екипата на телевизија Алсат, каде што тие, од страна на локалните жители биле спречени да снимаат. Како што објаснуваат од ЗНМ, вчера напладне новинарската екипа на телевизијата во состав...

ЕУ одлучи да ја изведе пред суд Унгарија поради одземањето на лиценцата за работа на Клубрадио

Организациите за слобода на медиумите ја поздравија одлуката на извршното тело на ЕУ (Европската комисија) да ја изведе Унгарија пред суд поради одземањето на лиценцата за работа на Клубрадио од Будимпешта, едeн од последните поголеми унгарски медиуми кои се критички настроени кон владеењето на...

ЗНМ и СЕММ реагираат на стигматизирачкиот и омаловажувачки пристап на Апасиев кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во заедничко соопштение го осудуваат непристојниот и груб однос на пратеникот Димитар Апасиев кон новинарите, служејќи се со стигматизирачки и дискриминаторен говор и нарекувајќи ги новинарите „проститутки“, во знак...

Доделени наградите на СЕММ и Мисијата на ОБСЕ за најдобри стории за инклузивно известување во образованието

Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска, преку видео-обраќање на Фејсбук, ги соопшти наградите за најдобрите новинарски стории за инклузивно известување за различностите и предизвиците во образованието, информираат од СЕММ. Првата награда ја освоија Ана Цветковска, Борис Куноски и Ангела Рајчевска, од редакцијата на МИА, за сторијата на тема...

ЗНМ: Скршена камера – безбедноста на новинарите и снимателите мора да биде гарантирана на протестите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) јавно укажува на примери од проблематичен однос кон медиумски работници од страна на дел од припадниците на МВР како и на поединечни лица, дел од толпата, кои протестираа во текот на вчерашната ноќ пред Собранието. Во момент додека службени...

Влада: Програмата за поддршка на печатените медиуми ќе се преточи во системско законско решение

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми (АЗНПМ), денеска во Владата на Република Северна Македонија, организираше јавна дискусија на тема „Утврдување модел на системско решение за...

Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема, детално беа презентирани клучните проблеми и главните прашања кои ги засегаат медиумите и медиумските работници. Извршниот директор на ЗНМ Драган...

ЗНМ по говорот на Мицкоски: Политичарите да не омаловажуваат новинари во своите јавни настапи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку соопштение реагира на непримерната комуникација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која јавно се омаловажуваат новинари што известуваат за билатералниот спор со Бугарија. Тој во својот партиски говор на митингот што се одржа во саботата пред Владата...

Вистиномер: Истражните органи молчат пред нападите врз медиумските работници, најчеста мета се новинарките

Кај три вербални напади врз новинарки во 2021 година, заканите доаѓаат од политички фигури. Тоа говори многу за ниската култура за јавна комуникација на релацијата носител на јавна функција – новинар, но говори и за тоа дека носителите на јавни функции лесно се охрабруваат...

Четири факултети ќе ја вклучат медиумската писменост во своите студиски програми

Филозофски факултет УКИМ
Четири високообразовни институции од земјава ќе ја вклучат медиумската писменост во своите студиски програми, информираат од Институтот за комуникациски студии.  Станува збор за Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје, Универзитетот на...

„Младите размислуваат“, нов проект за зајакнување на медиумската писменост кај учениците

Државниот испитен центар (ДИЦ) денес потпиша Меморандум за разбирање и соработка со проектот на УСАИД за зајакнување на медиумската писменост кај младите, „Младите размислуваат“. „Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи да се зајакне соработката меѓу Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и ДИЦ...

Косовски новинари одржаа состанок со претставници на ЗНМ, беа и во посета на Фондацијата Метаморфозис

Претставници на Здружението на новинари на Косово (АГК) и новинари од неколку косовски медиуми во петокот (27 мај) одржаа состанок со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и остварија посета на Фондацијата Метаморфозис. Како што информираат од ЗНМ, на работниот состанок се разговарало за состојбата...

Умно.мк: Што прават новинарите кога ќе се „излизгаат“ на неточна информација?

Дневното новинарство е комплексна работа во која брзината на објавување информација има голема улога и често се случува да биде објавена и погрешна информација. Како медиумите ја коригираат грешката? Со оваа тема се зафати Умно.мк, чија анализа, со посебна дозвола од уредништвото, ја пренесуваме во...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...