fbpx

Доделени наградите на СЕММ и Мисијата на ОБСЕ за најдобри стории за инклузивно известување во образованието

-

Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска, преку видео-обраќање на Фејсбук, ги соопшти наградите за најдобрите новинарски стории за инклузивно известување за различностите и предизвиците во образованието, информираат од СЕММ.

Првата награда ја освоија Ана Цветковска, Борис Куноски и Ангела Рајчевска, од редакцијата на МИА, за сторијата на тема „Децата упатени во воспитно-поправен дом лишени од задолжителното образование“. Сторијата беше обработена преку серијал од текстови и видеоматеријали во кои се открива постоење индиции за дискриминација во образовниот процес во воспитно-поправните домови и опфаќа тема која е мошне релевантна за децата под социјален ризик.

Втората награда ја освои Соња Колевска-Делевска, од редакцијата на „Сакам да кажам“, за сторијата на тема „Државата им го зема додатокот на учениците со попреченост од 5.000 денари и ги дискриминира тие што се од рурална средина“. Оваа сторија е развиена како серијал од текстови за тоа како на над 100 деца со физичка попреченост од руралните средини им бил одбиен детскиот додаток кога биле префрлени во интернат поради непромислен и непотребен подзаконски акт.

Третата награда ја доби Сенат Зулбеари, за сторијата „Не ја сакаат во класот бидејќи е со Даунов синдром, родителите на Амбла сакаат таа да учи со врсниците“. Текстот во серијал отвора прашање за девојче со Даунов синдром кое не може да продолжи да следи настава заедно со нејзините другарчиња, заради притисокот што го прават родителите на другите ученици во самото училиште.

Освен награди за најдобрите стории, жирито одлучи да додели и една пофалница за сторијата на новинарката Ана Зафирова, со наслов: „Маските се пречка во светот на глувите и наглувите“, објавена на Samoprasaj.mk, за иновативната визуелна обработка на сторијата за глувите и наглувите лица кои беа обврзани да носат маска за време на пандемијата.

Со жирито претседаваше Мигена Горенца, главна уредничка на втор програмски сервис -МРТВ2, а во чиј состав беа и членовите: Катерина Синадиновска, претседателка на УО на СЕММ и Дејан Андонов, програмски координатор при Институтот за комуникациски студии (ИКС).

„Ги повикуваме сите медиумски професионалци да станат сојузници при бранењето на човековите права, спречувањето понатамошна стигматизација, ставањето крај на ширењето дезинформации, разбивањето на гласините и стереотипите и охрабрувањето квалитетно и објективно известување за различноста,“ истакна шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Јавниот повик на СЕММ беше отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои стории во медиумите во Северна Македонија, во периодот од 1 мај 2021 до 1 мај 2022 година. На овогодинешниот конкурс се пријавија вкупно 40 новинарски стории од 30 различни автори/редакции.

Наградите се доделуваат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...