Со проектот „Заедници инклузивни за млади“ ќе се унапредува младинската инклузија

Фото: НМСМ

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) денес ги презентираше целите на остварување на најновиот проект „Заедници инклузивни за млади“ што го имплементира заедно со Фондација за локален развој на заедницата – Штип, СФЕРА
Интернешнал – Битола и Youth Empowerment Platform – Гостивар.

Главната цел на проектот е, како што велат авторите, да го подобри локалното владеење преку зголемена инклузивност на локалните процеси и младинското влијание во општеството.

„Активностите и можностите кои ги нуди проектот имаат за цел да ги ангажираат
младинските граѓански организации во поддршка на своите локални заедници, да ги
искористат постојните механизми за учество во локалните политики и процесите на
донесување одлуки кои се однесуваат на нивните потреби и потребите на нивните
конституенти“, стои во соопштението од денешната конференција.

Мариана Ангелова, Генералната секретарка на НМСМ, Мариана Ангелова истакна дека создавањето на инклузивни локални заедници ќе има слух за потребите на младите, а како основа за нивното формирање е потребно продлабочување и подобрување на Законот за младинско учество и младински политики.

„Како опипливи резултати од проектот во идните 30 месеци се очекува да се зајакнат
капацитетите на најмалку 30 младински организации и најмалку 8 локални младински
совети, да се направи мониторинг на имплементацијата на Законот за младинско
учество и младински политики, по што би се креирале 8 мониторинг извештаи за секој
од планските региони и еден национален кој ќе ги опфати и националните институции“, се вели во соопштението.

На одржаната прес-конференција беше посочено и дека во рамки на проектот ќе се развива методологија за мерење на младинската инклузија на единиците на локалната самоуправа и ќе се поддржат локални иницијативи на најмалку 15 младински организации и неформални групи на млади.

Проектот е финансиран од Европска Унија.