понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: СЕММ | 92 резултати

Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа

7 ноември 2024

Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во мај годинава, дури 40 немаат импресум, што значи дека имаат нејасно и нетранспарентно сопствеништво, покажува најновото истражување што го спроведе Мета.мк. Импресумот најчесто содржи податоци за името на фирмата на која е регистриран порталот, седиштето, контактот, името […]

За порталите 811 илјади евра од колачот за парламентарните избори

4 октомври 2024

Вкупно 811.000 евра биле потрошени на парламентарните избори од страна на коалициите за да се рекламираат на повеќе од 150 интернет портали, покажуваат податоците на Државната изборна комисија кои Мета.мк ги доби по повеќемесечни обиди. Податоците ги баравме од сите релевантни институции – Државната комисија за спречување на корупцијата, ДИК, Министерството за финансии и Државниот […]

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

24 април 2024

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик. Публикацијата има за цел да ги насочи професорите и обучувачите на новинари да им помогнат не само на студентите, туку и на репортерите кои веќе работат […]

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

23 април 2024

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“. За потребите на ТВ емисијата со наслов „Кревките шуми“ наградените автори Александар Методијев и Сузана Мицева ги следат трагите на големи […]

Порталите рекордери по бројот на поплаки до Советот за етика во медиумите

15 јануари 2024

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ги презентираше годишниот извештај за 2023, во однос на бројот на жалби за неетичко известување во медиумите. Податоците што ги презентираше претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, покажуваат дека од вкупно примени 132 жалби, дури 110 се однесуваат на онлајн медиумите, за кои […]

ЗНМ и СЕММ: Апелираме на крајна внимателност и етички баланс во вестите за исчезнатото девојче

29 ноември 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот на честа при ЗНМ и Советот за Етика во медиумите (СЕММ), како дел од саморегулацијата во Македонија, најостро го осудуваат начинот на кој известуваат одредени медиуми за исчезнувањето на 14 годишно девојче од Скопје, со што на груб начин го кршат Етичкиот кодекс на новинарите, пласирајќи неточни и […]

ДЕБАТА: Српските таблоиди и дезинформациите најголем проблем за новинарите од Западен Балкан

20 ноември 2023

Говорот на омраза, таблоидното и клик бејт новинарство, личните податоци и етиката во новинарството се само дел од темите на кои два дена се дебатира на регионалниот состанок на саморегулаторните тела од Југоисточна Европа што се одржува во Белград. Новинари, медиумски работници, професори, експерти и членови на саморегулаторните тела дискутираат и наоѓаат решенија за клучните […]

ЗНМ, ССНМ и СЕММ се залагаат за медиумски интегритет: коментар на вчерашната епизода од „Само Вистина“

2 ноември 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на настаните што се случија вчера на директниот пренос на „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, каде во улога на гостин беше Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на претседателот […]

Крадењето туѓи текстови – главна тема на јавната седница на Советот за етика во медиумите

27 октомври 2023

Нарушени авторски права, плагијати, неконтактирање на втората страна во сториите беа само дел од прекршувањата на Кодексот на новинари во новинарски текстови кои беа констатирани на денешната јавна седница на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). На седницата на комисијата за жалби присуствуваа студенти од различни универзитети, со цел […]

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Скандалозна пресуда на судијката Спировска Панева за новинарите на ИРЛ

25 октомври 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) сметаат дека вчерашната судска пресуда против ИРЛ е поткопување на достоинството на новинарската професија, напад врз интегритетот на новинарите и на слободата на изразување во Македонија. На вчерашното судско рочиште во Основниот граѓански суд […]

Промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми

12 октомври 2023

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (АВМУ) во коорганизација со ОБСЕ/ОДИХР денеска го промовираше Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Овој Кодекс е изготвен на иницијатива на АВМУ, во соработка со Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите, Институтот за […]

Новинарските здруженија со осуда за интервјуто со Павловиќ-Латас, се бара одговорност

20 февруари 2023

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој, како што велат, се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. Станува збор за интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров […]

Нови правила во „Промедиа“ за поголем ред во онлајн информирањето

21 ноември 2022

Неодамна во организација на повеќе професионални онлајн медиуми се одржа координативен состанок на кој беа усогласени повеќе нови правила за членство во Промедиа, првиот доброволен национален регистер на онлајн медиуми. Во пресрет на новите донесени и очекувани директиви на ЕУ за медиумите, ова е сериозен обид да се стави поголем ред во онлајн сферата преку […]

Отворен ден во Радио МОФ и работилница во АВМУ утре на Деновите на медиумска писменост

27 октомври 2022

На Деновите на медиумска писменост за утре, 28 октомври (петок) е предвидено да се одржат три одделни настани, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во Радио МОФ за утре во периодот од 10 до 12 часот е предвидено да се одржи отворен ден на тема „Како е да се биде гласот на […]

ЗНМ и СЕММ бараат итна истрага за нападот врз сопственикот на портaлот „Буре весник“

26 октомври 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) да спроведе брза и ефикасна истрага за пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот врз сопственикот на порталот „Буре весник“, Зоран Божиновски. Како што објавија повеќе медиуми, нападот врз Божиновски се случил вчера […]

СЕММ го осудува невнимателното медиумско известување околу самоубиството на ученик

3 септември 2022

Советот за етика во медиумите на Македонија остро реагира за невнимателното и неетичко известување на медиумите околу самоубиство на ученик во скопската гимназија Корчагин. „СЕММ ги потсетува своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви трагедии. Прво, строго правило е дека за самоубиства […]

ЗНМ и СЕММ реагираат на стигматизирачкиот и омаловажувачки пристап на Апасиев кон новинарите

20 јули 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во заедничко соопштение го осудуваат непристојниот и груб однос на пратеникот Димитар Апасиев кон новинарите, служејќи се со стигматизирачки и дискриминаторен говор и нарекувајќи ги новинарите „проститутки“, во знак на незадоволство за начинот на којшто известуваат од меѓувладината конференција во […]

Доделени наградите на СЕММ и Мисијата на ОБСЕ за најдобри стории за инклузивно известување во образованието

19 јули 2022

Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска, преку видео-обраќање на Фејсбук, ги соопшти наградите за најдобрите новинарски стории за инклузивно известување за различностите и предизвиците во образованието, информираат од СЕММ. Првата награда ја освоија Ана Цветковска, Борис Куноски и Ангела Рајчевска, од редакцијата на МИА, за сторијата на тема „Децата упатени во воспитно-поправен дом лишени од задолжителното образование“. Сторијата […]

Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад

21 јуни 2022

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема, детално беа презентирани клучните проблеми и главните прашања кои ги засегаат медиумите и медиумските работници. Извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски и претседетлката на УО на СЕММ, Катерина Синадиновска, се согласуваат […]

Умно.мк: Што прават новинарите кога ќе се „излизгаат“ на неточна информација?

27 мај 2022

Дневното новинарство е комплексна работа во која брзината на објавување информација има голема улога и често се случува да биде објавена и погрешна информација. Како медиумите ја коригираат грешката? Со оваа тема се зафати Умно.мк, чија анализа, со посебна дозвола од уредништвото, ја пренесуваме во целост: Неточно и нефер известување е најчеста причина за приговорите […]

Страна 1 од 5