fbpx

ЗНМ: Екипа на телевизија Алсат спречена да ја врши својата работа

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара итна реакција од општина Сарај за вчерашна случка со екипата на телевизија Алсат, каде што тие, од страна на локалните жители биле спречени да снимаат.

Како што објаснуваат од ЗНМ, вчера напладне новинарската екипа на телевизијата во состав Мелихате Рустеми (новинарка) и Бојан Костовски (снимател) биле спречени да ја вршат својата работа.

„Екипата пристигнала во селото Горно Свиларе (општина Сарај) по претходно добиени информации дека жителите немаат вода за пиење. После неколку минути снимање, се појавило лице во цивилна облека кое агресивно викајќи им забранил да снимаат со насока да го напуштат селото за 5 минути и образложение дека тој е главен таму, причина заради која екипата на Алсат треба да ги спроведе неговите наредби, велејќи дека нивните информации за недостиг на вода не се точни, но без да остави можност да се провери“, објаснуваат од ЗНМ.

После образложението дека за снимање на јавни површини не е потребна дозвола од надлежните институции и неколку минутен вербален конфликт, новинарката Рустеми заедно со снимателот Костовски, по појавата на уште неколку лица, а со цел да избегнат поголем конфликт биле принудени да го напуштат просторот, јавната површина и да најдат друго место за снимање.

Екипата на Алсат го снимила целиот вербален конфликт, кој пак бил емитуван и во вчерашните вести на телевизијата.

ЗНМ реагира дека ваквиот третман кон новинарите придонесува кон нивна цензура.

„Токму затоа, бараме од МВР да се преземат конкретни мерки против лицето, со цел во иднина да не се случува попречување на правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните“, велат од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...