fbpx

Тупанчески потврди дека закони ќе се менуваат за да се подобри третманот на новинарите

-

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска ги појасни вчера најавените измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се намалуваат казните за новинари и уредници за наведените дела, а рече и дека Кривичниот законик веќе се менува за да се одредуваат повисоки казни за насилство врз новинари или за убиство. Овие предвидени построги мерки во измените на Кривичниот законик би требало да станат составен дел и на новиот Кривичен законик, за кој Тупанчески најавува јавна расправа и негово усвојување до крајот на годината.

„Во однос на постојниот Кривичен законик, едно од кривичните дела во новите измени и дополнувања на Кривичниот законик беше поместувањето во одредбата 123 доколку има насилство, односно убиство на новинар тоа ќе претставува и квалифициран облик на убиство. Така што се подигнува квалитетот на општествената реакција со тоа што тие измени и оние коишто се на линија на Истанбулската конвенција се во собраниска процедура“, рече Тупанчески.

Министерот за правда вчера, на Светскиот ден за слобода на медиумите најави дека се во тек законски измени со кои ќе се штити слободното новинарство и ќе се направат законски измени за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

„Со цел подобрување на состојбата, Министерството за правда преку законските измени за граѓанска одговорност за навреда и клевета ќе овозможи да се гарантира слободата на изразување. Ова е еден од најлибералните закони во Европа чие второ читање ќе се најде пред пратениците на 5 мај на собраниската Комисија за европски прашања. Клучниот аспект на законот е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета“, рече Тупанчески.

Тој објасни дека со измените, казната за новинар од 2.000 евра се намалува за износ не поголем од 400 евра, а за уредник од 10.000 на 2.000 евра, додека за правно лице, досегашната казна од 15.000 евра се намалува за износ не поголем од 5.000 евра.

Со новите измени, се воведува принципот пред поднесување на тужба за надоместување на штетата, да се побара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...