fbpx

Новинарката Соња Делевска од sdk.mk повикана во полициска станица за објавен текст

-

Новинарката Соња Колевска-Делевска од порталот sdk.mk денеска била во полициската станица Беко во Скопје на „службен разговор во врска со поплака“ за објавен текст, објави sdk.mk. Поканата за службен разговор ѝ била доставена во саботата од вооружени полицајци на домашна адреса.

Лицето која ја пријавила поплаката била државна службеничка, раководителка на едно од местата во Министерството за правда, која според пријавата против Делевска, почувствувала вознемиреност по нејзиното здравје и по угледот, по објавен текст во sdk.mk. Раководителката од Министерството за правда воопшто не спомната со име и презиме во објавениот текст на 27 април 2022 година на порталот sdk.mk.

Од sdk.mk напоменуваат дека ова е прв случај за напишан текст МВР, иако не е надлежно, да повикува новинар на разговор, а тоа денеска во рамки на службениот разговор ѝ го потврдил и надлежниот полицаец/инспектор.

Инаку, Хелсиншкиот комитет за човекови права попладнево остро го осуди притисокот врз новинарката Соња К. Делевска со повикување на „службен разговор во врска со поплака“ во полициска станица во Скопје, заради објавен текст. Иако службеничката од Министерството за правда не била експлицитно именувана во текстот, таа поднела пријава против Делевска, поради тоа што почувствувала вознемиреност по нејзиното здравје и по угледот.

„Повикувањето новинар на разговор во полициска станица од страна на вооружени полицајци, а за прашање кое не е кривично дело, туку се процесира во граѓанска постапка за евентуално утврдување на граѓанска одговорност за навреда и клевета, се коси со уставните начела што го гарантираат слободниот пристап до информациите, слободата на примање и пренесување на информации. Комитетот, исто така, смета дека е проблематично тоа што полицијата потклекнала пред барањето на пријавителката, која инсистирала новинарката Делевска да биде повикана во полициска станица“, се наведува во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Со оглед дека пријавителката е државен службеник, а случајот за кој известува Делевска е во насока на разоткривање коруптивни активности во министерството, постапувањето на полицијата кон новинарката Делевска, покрај тоа што ги загрозува новинарските слободи и уставно загарантирани права, може да се смета и за директен притисок врз нејзината работа од страна на институциите, велат од Хелсиншки.

Поради сето ова, Хелсиншкиот комитет бара од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи да ја истражи основаноста на постапувањето на полициските службеници во овој случај и да ја извести јавноста за исходот.

Со остра реакција во која е наведено дека за случаи во кои граѓанин се жали на евентуална клевета или навреда припадници на МВР не смеат да „дисциплинираат“ новинари преку повикување на службени разговори во полициска станица се огласи и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

„ЗНМ предупредува дека повикувањето на новинари и медиумски работници на службен разговор во полиција поради објавен текст води кон цензура и самоцензура кај новинарите. Овој случај со колешката Делевска може негативно да се одрази на слободата на јавното информирање и говор. Предупредуваме дека доколку ова стане пракса може сериозно да ги ограничи новинарите слободно да известуваат за прашања од јавен интерес и истовремено да ги обесхрабри тие да работат на теми кои се поврзани со корупција и злоупотреба на власт. Затоа бараме од МВР да спроведе итна внатрешна истрага за овој случај“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...