fbpx

ЕУ ќе го финансира довршувањето на пругата Ѓуешево-Софија

-

Европската комисија ја одобри првата голема инфраструктурна програма за Бугарија за периодот 2021-2027 година. Официјален Брисел за програмата „Транспортно поврзување“ ќе ѝ додели на Бугарија 1,61 милијарда евра. Еден од најважните инфраструктурни проекти коишто треба да се градат е железничката пруга по коридорот Ориент/Источен Медитеран, односно Коридорот 8, пишува money.bg.

Бугарија најдоцна до 2027 година ќе треба да ја изгради и да ја рехабилитира железничката пруга од Ѓуешево на македонско-бугарската граница преку Ќустендил, Перник и Радомир до Софија. На тој начин, ќе се овозможи до овој временски период целосно да се заврши изведбата на железничката пруга меѓу Софија и Скопје и да се овозможи патнички и товарен железнички превоз меѓу двете земји.

Ваквата одлука на ЕУ доаѓа откако летово беше потврдено дека и Македонија ќе добие дополнителни неповратни средства во висина од 149,2 милиони евра за изведба на секцијата од Крива Паланка до Деве Баир, како трета фаза од изградбата на пругата кон Бугарија. Проектната документација за оваа фаза веќе е комплетирана, а македонската влада во наредниот период треба целосно да ја дооформи финансиската конструкција за секцијата од Крива Паланка до Деве Баир.

ЕУ за нови проекти во земјава одобри неповратни средства од 225,6 милиони евра

Македонската влада летово ги потпиша и договорите со австриската компанија „Штрабаг“ и турската фирма „Ѓулермак“ за изведба на првата фаза (Куманово-Бељаковце) и втората фаза од пругата кон Бугарија (Бељаковце-Крива Паланка). Овие две фази ќе треба да се завршат до 2025 година, а нивната вкупна вредност изнесува 200 милиони евра.

Австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“ ќе ја градат пругата Куманово-Крива Паланка

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...