четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: пругата кон Бугарија | 44 резултати

Покрај ЕУ, за третата фаза од пругата кон Бугарија средства размислува да даде и ЕБОР

16 јуни 2023

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) информираше дека ја разгледуваат можноста да одобрат нов заем во висина од 175 милиони евра за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија, меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир. Кредитот би бил одобрен на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на РСМ, а со овие средства […]

Врабчев: Примитивниот национализам во Бугарија доаѓа од Кремљ

31 март 2023

Андреј Врабчев е скулптор од Софија и кандидат на партијата „Продолжуваме со промената“ за пратеник во бугарското собрание на изборите кои ќе се одржат на 2 април.  Според него, руската пропаганда има директна врска со лошите односи помеѓу Бугарија и Македонија, а основен инструмент на таа политика е еден примитивен национализам. Врабчев се залага за […]

Инфраструктурата во 2022: Многу отпочнати проекти, малку од нив завршени навреме

29 декември 2022

Значителна е бројката на проекти од патната, железничката и гасоводната инфраструктура кои се започнати со реализација на терен, но во изминатава година остана проблемот со непочитувањето на роковите за изведба и доцнењата со пуштање во употреба на инфраструктурните објекти. Како завршени проекти од власта во 2022 година може да се сметаат изведбата на втората фаза […]

Чекајќи го возот за Софија: Нова надеж за „пругата наречена надеж“

4 ноември 2022

Пругата кон Бугарија е најветуваниот проект од сите политички елити во изминатите три децении. Кај местото Шупли Камен во близина на Куманово деновиве повторно почна да се гради „пругата наречена надеж“, власта сега уверува дека пругата ќе биде изградена до крајот на 2027 година. Изградбата на пругата започна во 1994 година во време на Владата […]

Ковачевски и Донев разговарале за зголемување на капацитетот на гасоводот

29 октомври 2022

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, на денешната билатерална средба, поврзана со почетокот на рехабилитацијата и целосната изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија, разговарале и за зголемување на капацитетот на засега единствениот гасовод во земјава, кој е продолжение на бугарскиот гасовод. „На билатералната средба помеѓу премиерите […]

Ковачевски: Го разбирам скептицизмот на граѓаните за пругата кон Бугарија, но ќе работиме напорно [Галерија]

29 октомври 2022

Свесен сум дека постои скептицизам, јас сум еден од оние кои практично пораснаа со проектот железница кон Бугарија. Од моментот кога станав свесен за тоа што се железнички коридори, тогаш почна да се гради овој железнички коридор и сѐ уште не е изграден. И знам зошто постои тој скептицизам, таа недоверба дека некогаш и ќе […]

ЕУ со исти критики како и лани: Да се забрза изградбата на Коридорите 8 и 10д и реформите во железницата

13 октомври 2022

Критиките во транспортниот сектор од Европската комисија се речиси идентични како и лани, односно остануваат како барања за исполнување од власта. Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија во европските интеграции за 2022 година се критикуваат истите проекти како и лани – изградбата на пругата кон Бугарија, патниот Коридор 10-д од Градско до Прилеп, заедничките […]

ЕУ ќе го финансира довршувањето на пругата Ѓуешево-Софија

4 октомври 2022

Европската комисија ја одобри првата голема инфраструктурна програма за Бугарија за периодот 2021-2027 година. Официјален Брисел за програмата „Транспортно поврзување“ ќе ѝ додели на Бугарија 1,61 милијарда евра. Еден од најважните инфраструктурни проекти коишто треба да се градат е железничката пруга по коридорот Ориент/Источен Медитеран, односно Коридорот 8, пишува money.bg. Бугарија најдоцна до 2027 година […]

ЕУ за нови проекти во земјава одобри неповратни средства од 225,6 милиони евра

17 август 2022

На крајот на јули 2022 година, Европската Унија ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, при што Северна Македонија аплицираше со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив, во вкупен износ од 225,6 милиони евра. Станува збор за неповратни средства – грантови, која што финансиска […]

Австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“ ќе ја градат пругата Куманово-Крива Паланка

20 јули 2022

Австриската компанија „Штрабаг“ (Strabag AG) е избрана за да ја гради пругата од Куманово до Бељаковце, додека турски „Ѓулермак“ (Gülermak) ќе ја изведува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Во владиното седиште денеска се потпишаа договорите за изведба на двете фази од пругата кон Бугарија, капитален инфраструктурен проект […]

ЕУ со 150 милиони евра за третата фаза од пругата кон Бугарија, плус средства за соларни електрани

25 февруари 2022

Европската Унија (ЕУ) денеска објави нов инвестициски пакет за Западен Балкан вреден 3,2 милијарди евра наменети за 21 капитален проект од инфраструктурата, енергетиката, поврзаноста, климата и дигитализацијата, соопшти Европскиот Совет. Северна Македонија со најновиот пакет ќе добие неповратни средства во висина од 149,2 милиони евра за изградба на последната, трета фаза од пругата кон Бугарија, […]

До вчера се доставуваа понуди за пругата Куманово-Крива Паланка, изградбата почнува до март 2022

16 ноември 2021

До вчера се поднесуваа понудите од заинтересираните градежни компании и конзорциуми за изградба на првичните две фази од пругата кон Бугарија. Постапката е успешно завршена од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, а во наредниот период ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, информираат од Владата на […]

EK: Да се дозволи влез на приватни компании во железничкиот превоз и да се забрза изградбата на Коридорот 8

25 октомври 2021

Во областа на транспортот и трансевропските транспортни мрежи, земјава е умерено подготвена, при што ограничен напредок е постигнат во изминатата година, оценува Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за 2021 година. Критиките од минатогодишниот извештај се провлекуваат и годинава во однос на конкретни теми од транспортот. Па така, Европската Комисија […]

Потпишан меморандум за изградба на Коридорот 8, до 15 ноември ќе се достават понуди за пругата кон Бугарија

19 октомври 2021

Тројцата министри за транспорт на Северна Македонија, Албанија и Бугарија денеска во Софија го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка, со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за координирана изградба на железничкиот и патниот Коридор 8, информираат од Владата на РСМ. „Железничкото поврзување кон Исток со Република Бугарија и кон Запад со Република Албанија […]

Во ноември ќе се потпише договорот со компанијата што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка

13 јули 2021

Постапката за избор на градежна фирма што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка на железничкиот Коридор 8 треба да се заврши до ноември годинава. Претквалификациската фаза заврши изминатава пролет, а во наредниот период тендерската документација ќе им биде доставена на претселектираните фирми, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Компаниите ќе имаат рок […]

До јули е планирано да се избере изведувач за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка

9 април 2021

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ го очекува од Европската банка за обнова и развој евалуацискиот извештај, по што од следната недела се очекува отпочне втората фаза од меѓународниот тендер за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка, во која селектираните компании ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. На […]

Од ВБИФ очекуваме грант од 150 милиони евра за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија

24 февруари 2021

Владата на вчерашната седница ја разгледа Информацијата за доделување на грант преку 25-от повик за техничка помош и 6-от повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија, со укажување до Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд […]

Објавен новиот тендер за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка

11 јануари 2021

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) деновиве го објави тендерот за избор на најповолен изведувач за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка. Двете претходни фази на изведба (Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка) се споени во еден тендер, а од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ веќе информираа дека целокупната постапка за избор на […]

За железницата 2020 е промашена година, наредниве 12 месеци да нема одложување на проектите

7 јануари 2021

За развојот на железничката инфраструктура и транспорт во земјава, минатата година претставуваше период што го одбележаа мноштво негативни и многу малку позитивни настани. Со право може да се констатира дека 2020 беше промашена година за железницата, ако се земе во предвид фактот дека беше сопрена изградбата на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од Коридорот 8 […]

Владата преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ ќе аплицира за нови грантови за пругата кон Бугарија

24 декември 2020

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) велат дека земјава до февруари 2021 година ќе аплицира за нови грантови на повикот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), меѓу кои и за железничкото поврзување со Бугарија, со што ќе се намали стапката на задолжување за овој капитален проект од инфраструктурата. Со ваквата иницијатива на македонската влада […]

Страна 1 од 2