fbpx

ЕУ со 150 милиони евра за третата фаза од пругата кон Бугарија, плус средства за соларни електрани

-

Европската Унија (ЕУ) денеска објави нов инвестициски пакет за Западен Балкан вреден 3,2 милијарди евра наменети за 21 капитален проект од инфраструктурата, енергетиката, поврзаноста, климата и дигитализацијата, соопшти Европскиот Совет.

Северна Македонија со најновиот пакет ќе добие неповратни средства во висина од 149,2 милиони евра за изградба на последната, трета фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Со овој грант, за изградба на пругата кон Бугарија веќе се обезбедени вкупно 412,3 милиони евра, вклучувајќи ги и претходните грантови од ЕУ и заемите од странски банки.

ЕУ ќе ги поддржи со неповратни средства и проектите за изградба на соларните електрани „Осломеј 1“ (1,6 милиони евра) и „Осломеј 2“ и „Битола“ (5 милиони евра). Трите енергетски проекти заедно ќе имаат енергетска моќност од 40 мегавати и ќе произведуваат 65 гигават-часови електрична енергија на годишно ниво. Нивната вкупна вредност е 34,3 милиони евра, коишто како средства се обезбедени и од други извори.

Со средства од ЕУ ќе се зајакне финансиската конструкција за изведба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Дополнителни 69,8 милиони евра од ЕУ се обезбедени за овој капитален објект, којшто досега државата планираше да го гради првенствено преку кредити.

„Со овој голем инвестициски пакет, ја забрзуваме испораката на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан на терен. Ги идентификувавме овие водечки проекти во тесна соработка со нашите партнери. Подобрите и поодржливи врски во транспортот, дигиталната инфраструктура и обновливите извори на енергија ќе ја поттикнат економијата, ќе ја поттикнат зелената и дигиталната транзиција на регионот и ќе донесат мноштво можности за луѓето и бизнисите во Западен Балкан и низ ЕУ“, изјави еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Во текот на следните години, Економскиот и инвестициски план треба да мобилизира до 30 милијарди евра инвестиции, како комбинација од грантови, повластени заеми и гаранции. Планот ќе помогне да се затвори развојниот јаз меѓу Европската Унија и регионот и да се поддржи економското закрепнување по пандемијата, информираат од ЕУ.

Не е точно дека момче било отруено со дрога во пијалак во кафуле

Официјалниот став на МВР е дека смртта настанала поради повреди од пад од висина. Токсиколошката анализа во моментот на објавувањето на овој текст не е готова. Професорката Виолета Ачкоска...
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
free download udemy paid course
download lava firmware
Download WordPress Themes Free
lynda course free download