вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: железничка инфраструктура | 52 резултати

Австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“ ќе ја градат пругата Куманово-Крива Паланка

20 јули 2022

Австриската компанија „Штрабаг“ (Strabag AG) е избрана за да ја гради пругата од Куманово до Бељаковце, додека турски „Ѓулермак“ (Gülermak) ќе ја изведува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Во владиното седиште денеска се потпишаа договорите за изведба на двете фази од пругата кон Бугарија, капитален инфраструктурен проект […]

Век и половина Македонски железници: До крајот на 2023 година пруга до скопскиот аеродром

17 ноември 2021

По повод одбележувањето на 150 години од основањето на Македонските железници во далечната 1873 година, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ планира до крајот на 2023 година да ја заврши изградбата на пругата од железничката станица Илинден до Меѓународниот аеродром Скопје. На тој начин, Скопје ќе добие аеродромски воз што би сообраќал од […]

До вчера се доставуваа понуди за пругата Куманово-Крива Паланка, изградбата почнува до март 2022

16 ноември 2021

До вчера се поднесуваа понудите од заинтересираните градежни компании и конзорциуми за изградба на првичните две фази од пругата кон Бугарија. Постапката е успешно завршена од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, а во наредниот период ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, информираат од Владата на […]

Потпишан меморандум за изградба на Коридорот 8, до 15 ноември ќе се достават понуди за пругата кон Бугарија

19 октомври 2021

Тројцата министри за транспорт на Северна Македонија, Албанија и Бугарија денеска во Софија го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка, со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за координирана изградба на железничкиот и патниот Коридор 8, информираат од Владата на РСМ. „Железничкото поврзување кон Исток со Република Бугарија и кон Запад со Република Албанија […]

Во Велика Британија отворена пруга со прагови изработени од отпадна пластика

25 септември 2021

Наместо дрвени или бетонски прагови, претпријатието кое управува со железничката инфраструктура во Велика Британија започна да употребува иновативни прагови изработени од отпадна пластика. Возовите од Вилтшир од летово се движат по пруга изведена од ваквите прагови, кои се всушност произведени од рециклиран отпад – стари шишиња, пакувања од храна и друга несакана пластика, информираат од […]

До јули е планирано да се избере изведувач за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка

9 април 2021

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ го очекува од Европската банка за обнова и развој евалуацискиот извештај, по што од следната недела се очекува отпочне втората фаза од меѓународниот тендер за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка, во која селектираните компании ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. На […]

Железница работи на идејно решение за пругата што ќе се гради до Меѓународниот аеродром Скопје

18 февруари 2021

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во моментов изработува идејно решение за изградба на нов железнички крак од постојната пруга Скопје-Куманово до Меѓународниот аеродром Скопје, информираше директорот на ова претпријатие Хари Локвенец во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. Директорот на Железници-Инфраструктура очекува дека изградбата на овој железнички крак може да се […]

На тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка се пријавиле 20 конзорциуми

16 февруари 2021

На претквалификационата фаза од тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка биле доставени 20 апликации од меѓународни конзорциуми, изјави за МИА директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Хари Локвенец. Осум од доставените апликации биле за изведба на делницата Куманово-Бељаковце, додека 12 за изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка. Крајниот рок […]

Порталб: Изградбата на пругата кон Албанија се одолговлекува со години

9 февруари 2021

Од 2017 година постои проект за изградба на железничката линија од Кичево до граничниот премин со Албанија, Ќафасан, но изградбата на оваа пруга останува неостварено ветување. Железничкото поврзување ќе овозможи економски придобивки за двете земји, бидејќи Албанија добива можност да се поврзе со железничка линија со Бугарија, додека Северна Македонија ќе има можност да се […]

Наместо нова пруга со кинески кредит што води кон кредитно ропство, потребна е реконструкција на постоечката [инфографик+фото]

29 јануари 2021

Поголеми инвестиции во ремонт на пругите, почитување на зададените рокови за нивна изведба и подигање на максималната брзина на движење на возовите на 120 километри на час меѓу Табановце и Гевгелија. Без да се постигнат овие цели во претстојниот период од страна на државните власти, железничкиот Коридор 10 нема да може да биде конкурентен во […]

Готова пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево и најдолгиот тунел на Балканот

12 јануари 2021

Ангажираните консултанти минатиот месец до Министерството за транспорт и врски го доставија целиот сет од пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево на Коридорот 8 во финална верзија која е одобрена од сите инволвирани страни. Станува збор за првиот документ од низата што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување на безбедноста на оваа […]

За железницата 2020 е промашена година, наредниве 12 месеци да нема одложување на проектите

7 јануари 2021

За развојот на железничката инфраструктура и транспорт во земјава, минатата година претставуваше период што го одбележаа мноштво негативни и многу малку позитивни настани. Со право може да се констатира дека 2020 беше промашена година за железницата, ако се земе во предвид фактот дека беше сопрена изградбата на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од Коридорот 8 […]

Автопатот, пругата, гасоводот и заедничкиот граничен премин ветени во Приштина меѓу Бочварски и Абраши

29 октомври 2020

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска престојуваше во официјална посета на Приштина, каде што се сретна со неговиот косовски колега Арбан Арбаши. На средбата се дискутирало за неколку инфраструктурни проекти, кои би овозможиле посилен регионален развој, информираат од Министерството за транспорт и врски. Во однос на ветената изградба на заедничкиот железнички граничен премин […]

Поништен тендерот за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка, ќе се распишува нов

21 октомври 2020

Владата се одлучи да го поништи тендерот за избор на изведувач за изградба на втората фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија. За изградба на пругата долга 34 километри меѓу Бељаковце и Крива Паланка од Коридорот 8 ќе се распишува трет по ред тендер за пронаоѓање на најповолен понудувач, но овој […]

РЕПОРТАЖА: Црно ѝ се пишува на пругата Велес-Кочани по завршувањето на новите патишта на Истокот

18 октомври 2020

Од Скопје до Штип со автомобил се стасува за 45 минути по новиот автопат којшто лани беше пуштен во употреба. Наредната година ќе биде отворен целосно за сообраќај и експресниот пат Штип-Кочани, по кој меѓу главниот град и Кочани ќе може да се стигнува за помалку еден и пол час. Источниот дел од Македонија како […]

ЕУ нуди средства за железница, владата повеќе сака да гради патишта

9 октомври 2020

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура. Во финансискиот пакет вреден 9 милијарди евра, кој за земјите од Западен Балкан ќе бидат достапни преку ИПА III фондовите, но и преку дополнителни грантови и кредити што […]

Министерството за транспорт бара средства од ЕУ за студија за изградба на железница до скопскиот аеродром

6 октомври 2020

Министерството за транспорт и врски го достави на разгледување инвестициониот план за изработка на студија за изградба на железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје во рамките на новата ИПА III програма, кој треба да се разгледа од страна на Делегацијата на Европската Унија, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. Ваквиот потег следува откако воведувањето на […]

Средба Бесими – Сера: Шпански компании заинтересирани да влезат во изградба на Коридорот 8

1 октомври 2020

Шпански компании, кои се едни од водечките во изградба на железничка инфраструктура во светот, се заинтересирани да учествуваат во јавните повици за изградба на железничкото поврзување кон Бугарија, во рамките на Коридорот 8. Амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера ова му го соопштил на министерот за финансии Фатмир Бесими на одржаната средба, информираат од […]

Пругата кон Албанија поделена во две фази, владата ќе бара средства за делот од Кичево до Струга

23 септември 2020

Проектот за изградба на железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се одвива во две фази. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на оваа пруга и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства […]

Поради корона кризата, меѓународните возови од Скопје летово воопшто не сообраќаа

21 септември 2020

Меѓународниот воз „Хелас експрес“ од Солун за Белград денеска за последен пат требаше да мине низ скопската железничка станица. Сепак, возовите за Солун и Белград од Скопје годинава воопшто не сообраќаа во летниот период. Поради тоа што корона кризата ги затвори границите со Грција и Србија, овој воз не отпатува ниту еднаш до својата крајната […]

Страна 1 од 3