fbpx

Не е точно дека во САД се трујат диви животни со експериментални орални вакцини

-

Не станува збор за никаква нова програма за масовна дистрибуција на орални вакцини за диви животни, како што невистинито се тврди во оваа објава на Фејсбук. Вакви орални вакцини против беснило кај дивите животни во САД се применуваат од 1990 година. Истата програма во Канада се спроведува од 1985 година, а во Европа од 1980 година. Исто така, на дивите животни во САД не им се дава никаква експериментална вакцина, туку вакцина која се користи со години, а новата вакцина која е веќе одобрена во Канада, сè уште се тестира, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук тврди дека Одделот за земјоделство на САД објавил некаква нова програма за масовна дистрибуција на орални вакцини во дивиот свет со кои ќе ги труе дивите животни. Ваквото тврдење е неточно.

САД Одделот за земјоделство ги труе дивите животни со милиони вакцини за мамки

САД Одделот за земјоделство (USDA) објави нова програма за масовна дистрибуција на орални вакцини до дивиот свет во руралните области во неколку држави. Проектот ќе произведе околу 3,5 милиони дози на експериментална вакцина против беснило. ЦДЦ ја предупредува јавноста да не доаѓа во контакт со вакцините за мамки под никакви околности, бидејќи тие можат негативно да влијаат на здравјето на луѓето. Дозите ќе се фрлаат со авиони и хеликоптери во тринаесет држави, вклучително и делови од Алабама, Пенсилванија, Западна Вирџинија, Тенеси и Мејн. Во август, владата фрли 348.000 дози во Мејн и уште 535.000 мамки во три други држави, се наведува во постот што го рецензираме.

Постот изнесува неколку неточни информации. Прво, не станува збор за никаква нова програма за масовна дистрибуција на орални вакцини за диви животни. Вакви орални вакцини против беснило кај дивите животни во САД се применуваат од 1990 година. Истата програма во Канада се спроведува од 1985 година, а во Европа од 1980 година. Во САД има 16 држави кои дистрибуираат орални вакцини за ракуни, додека Тексас дистрибуира мамки за сива лисица и којот, се наведува на официјалната веб- страница на Одделот за земјоделство на САД (УСДА).

ORV мамките кои моментално се користат во Соединетите Држави се развиени и произведени од Merial, Inc. и се состојат од ќесичка или пластично пакување што ја содржи Raboral V-RG вакцината против беснило. За да бидат мамките атрактивни, ќесичките кои содржат вакцина се попрскуваат со облога од рибино брашно или се обвиткуваат во полимерни мамки од тврдо рибино брашно со големина на кутија за ќибрит.

Кога животното ќе најде мамка и ќе ја касне, ќесичката пука, што му овозможува на животното да ја проголта вакцината. Животните кои голтаат соодветна доза од вакцината, развиваат имунитет на беснило. Како што се зголемува бројот на вакцинирани животни, тие дејствуваат како тампон за да се запре ширењето на болеста на други диви животни, на домашни животни и на луѓе.

Беснилото е предизвикано од вирус кој го инфицира централниот нервен систем кај цицачите. Речиси секогаш се пренесува преку каснување од бесно животно. Поголемиот дел од случаите на беснило во Соединетите Држави се јавуваат во дивиот свет, вклучувајќи ракуни, творови, лисици и лилјаци. Беснилото е секогаш фатално, меѓутоа, достапни се ефективни вакцини за заштита на луѓето, миленичињата и добитокот.

Националната програма за управување со беснило е формирана како признание за променливиот опсег на беснило. Целта на програмата е да се спречи понатамошното ширење на беснило во дивиот свет и евентуално да се елиминира копненото беснило во Соединетите држави преку интегрирана програма која вклучува употреба на орална вакцинација против беснило насочена кон дивите животни, информира УСДА.

Што се однесува до тврдењето изнесено во постот дека станува збор за експериментална вакцина, Асошиејтед прес, објавувајќи информација за стартот на дистрибуцијата на орални вакцини против беснило кај дивите животни, пишува дека УСДА, исто така, продолжува со тестирање на вакцина одобрена во Канада за имунизација на творови и ракуни, цитирајќи ја Џордона Кирби од Wildlife сервисот, кој е дел од Службата за инспекција на здравјето на животните и растенијата на одделот за земјоделство.

Така што, во моментов на дивите животни не им се дава никаква експериментална вакцина, туку вакцина која се користи со години, а новата вакцина која е веќе одобрена во Канада, сè уште се тестира.

Имајќи ги предвид сите горенаведени факти, можеме да заклучиме дека постот кој го рецензираме е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...