Арсовска: Институциите в година да се посветат на владеење на правото и сузбивање на сивата економија

-

Во следната година државата треба да се стреми кон систем кој ќе гарантира сигурност и стабилност на работните места и на економијата, воопшто, а и важно е да се инсистира на овозможување на подобро деловно опкружување, каде секој ќе има еднаква шанса за успех и напредок, посочува во својата изјава претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), Даниела Арсовска.

Според неа, без разлика на видот и димензијата на економските мерки кои мора да продолжат и во наредната година, надлежните институции мора итно да се посветат на следните предизвици: прво, да се воспостави систем на владеење на правото, законите да важат подеднакво за сите и да се применуваат неселективно, во спротивно инвестициите ќе бидат минимални, а и да се престане со брзите и чести промени на законите; второ, сериозно сузбивање на сивата економија која е во експанзија и во моментов има удел од скоро 40 отсто од вкупниот економски сектор, и трето, системска контрола и регулација на е-трговијата со која се уништуваат стихијно над 10 илјади македонски трговски претпријатија.

Во моментот, во внатрешниот промет карго доставите на нарачки од е-трговија работат без евидентирање и се најголем извор на затајување на данок.

„Во изминатава година, покрај тоа што имаше еден од помалите пакети за поддршка на приватниот сектор, имаше и потреба од системско решавање на предизвиците, што доведе до потешкотии во имплементација на финансиските мерки за помош. Воспоставување функционален систем ќе значи овозможување на следење на текот на сите постапки едновремено, како и следење на нивниот степен на реализација, постоење одговорност кај функционерите кои несоодветно или ненавремено ја извршуваат својата работа во делот на поддршката за приватниот сектор и граѓаните, отстранување на самоволно однесување и слободно толкување на прописите. Сите недостатоци би се минимизирале доколку се стават во функција системски решенија, кои ќе овозможат подобра иднина и економски просперитет за сите граѓани, а тоа би требало да биде и највисокиот приоритет на институциите“, изјави Арсовска.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...