fbpx

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

Од црногорскиот завод подоцна информираа дека по главниот земјотрес, следувале уште 30 помали

-

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 4 часот ги разбуди граѓаните на Црна Гора, а беше почувствуван во повеќе држави во регионот.

Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија извести дека бил регистриран силен земјотрес со епицентар на пет километри југозападно од Чараѓе во Општина Никшиќ, јави црногорскиот весник „Побједа“.

Засега нема податоци за евентуална штета, а според информации од заводот, штета можеби настанала во епицентралното подрачје.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) претходно јави за земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер. Во истото подрачје околу 4 часот и 30 минути биле регистрирани уште два послаби земјотреса со јачина од 3,1 степен.

Од црногорскиот завод подоцна информираа дека по главниот земјотрес, следувале уште 30 помали.

Земјотресот бил почувствуван и во Босна и Херцеговина и Хрватска.

Српска „Нова.рс“ јави дека земјотресот ги вознемирил и граѓаните на Белград, особено оние кои живеат на повисоките катови во зградите.

Земјотресот со епицентар во Црна Гора бил почувствуван и во Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во северните и југозападните делови од земјава, односно во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга, Ресен, Скопје, Куманово и Велес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Најголем напад на Русија врз украинскиот енергетски систем во последните неколку седмици

Руски проектили и беспилотни летала погодија речиси десетина украински критични инфраструктурни објекти во голем воздушен напад рано во средата, предизвикувајќи сериозна штета на три термоелектрани од времето на Советскиот...