fbpx

Земјотрес со јачина од 3,1 степен во Албанија, почувствуван и во Дебар и околината

Според податоците со кои располага сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил почувствуван во југозападниот дел од Македонија – во Дебар и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала

-

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вчеравечер соопшти дека нејзината телеметриска сеизмолошка мрежа регистрирала земјотрес во Албанија. Земјотресот со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала се случил во 23 часот и 37 минути, а епицентарот бил 128 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во југозападниот дел од Македонија – во Дебар и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

За земјотресот јави и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, од каде информираа дека епицентарот на земјотресот бил 21 километар североисточно од албанскиот град Елбасан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...