fbpx

Дојави за бомби во 16 скопски и две кумановски училишта

-

Закана за поставена експлозивна направа денеска на своите електронски адреси добиле вкупно 18 училишта. Од нив, 16 се во Скопје, а две училишта во Куманово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Освен на електронските адреси на училиштата, заканата била упатена и на приватните меjлови на деветмина професори од истите училишта.

Ова е трет ден по ред како училишта во Скопје и во други градови добиваат закани за поставена бомба. Во вторникот лажни дојави за поставени експлозивни направи во едно скопско училиште добија 14 професори, а вчера дојави, за кои исто така се утврди дека се лажни, добија 16 скопски и четири прилепски училишта.

Од МВР информираа дека по денешните упатени закани полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на објектите, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Лажните закани за поставени бомби повторно се активираа од почетокот на второто полугодие од учебната година, а во земјава ваквите дојави за првпат се појавија на 26 октомври лани. Испраќањето на лажни дојави за бомби во Македонија започна откако претходно и други балкански земји се соочија со овој тип на хибридна закана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тошковски: Ќе одговара секој кој незаконски ќе влијае во текот на изборниот ден

МВР ги има сите човечки капацитети, технички ресурси потребни за да гарантираме еден фер и демократски изборен процес и притоа македонскиот граѓанин слободно, врз основа на сопствено убедување си...