fbpx

Нови дојави за поставена бомба во средно училиште во Скопје, заканите овој пат упатени до професори

-

Нови дојави за поставени експлозивни направи, но овој пат само за едно средно училиште во Скопје. За разлика од сите досегашни закани за поставени бомби, за кои дојавите стигаа на електронските адреси на училиштата, денеска заканата била упатена на приватните електронски адреси на професори.

Вкупно четиринаесет професори на своите електронски адреси попладнево добиле закани за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училиште, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од таму додаваат дека, веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Лажни дојави за поставени бомби последен пат стигнаа во четвртокот, кога заканите на своите електронски адреси ги добија вкупно 18 основни и средни училишта во главниот град. Ден претходно, лажни дојави за експлозивни направи испразнија 12 средни училишта, но и неколку институции и деловни и станбени објекти во Скопје.

Испраќачите на дојавите за бомби повторно се активираа по почетокот на второто полугодие. Минатиот вторник дојава за поставени експлозивни направи беше испратена до 33 скопски училишта, а она што беше различно во споредба со заканите испраќани во првото полугодие, е тоа што новите пораки беа потпишани од извесна „Бугарска револуција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...