fbpx

Македонија загуби со 0:1 од Бугарија на последниот натпревар во групата од Лигата на нации [Галерија]

-

Вчерашниот меч на машките фудбалски репрезентации на Северна Македонија и Бугарија заврши со негативен резултат за нашата репрезентација 0:1.

Во последниот натпревар во групата од Лигата на нации во која беше Македонија, Бугарија го даде победничкиот гол на почетокот на второто полувреме. Според проценките, натпреварот во живо го проследија околу 20.000 навивачи.

Пред почетокот на мечот, на исполнетиот Градски стадион „Тодор Проески“ во Скопје, публиката од трибините ги исвиркуваше имињата на бугарските фудбалери, а потоа со остри свирежи беше проследена и бугарската химна.

Поранешниот министер за спорт на Бугарија, Красен Кралев побара од Европската фудбалска федерација да ја казни Фудбалската федерација на Македонија поради свирежите при интонирањето на бугарската химна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За третина од светското население климатските промени се предизвик, но не треба да бидат приоритет на владите

Третина од светската популација верува дека климатските промени се еден од најголемите глобални предизвици, но многу помалку веруваат дека ова прашање треба да биде приоритет за нивните влади, се...