петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: химна | 22 резултати

Украинската химна се пееше во 50 земји во светот, одекна и од Плоштадот Македонија

август 24, 2022

На Плоштадот Македонија во Скопје денеска беше одбележан Денот на независноста на Украина. Во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“ и во организација на Амбасадата на Украина во државава и Здружението на Украинци „Лесја Украинка“ присутните држејќи се за раце се придружија на човечкиот синџир како симбол на единството на луѓето на слободниот […]

Вистиномер: Македонската химна при пречекот на шпанскиот премиер не беше изведена надвор од протоколот

август 7, 2022

Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија, согласно воениот и државен протокол, се ангажира при пречек на странски државници на највисоко ниво, при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални верзии на државните химни. Оттука, не може да се каже дека кој било стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се […]

ДЕМАНТ: При пречек на странски државници секогаш се интонираат кратките инструментални верзии на химните

јануари 18, 2022

Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира дезинформациите дека намерно се изоставени одредени делови односно стихови од химната на Северна Македонија за време на посетата на бугарскиот премиер, Кирил Петков. Од Владата велат дека, согласно воениот и државен протокол, при пречек на странските државници на највисоко ниво секогаш и без исклучок Воениот оркестар на […]

„Вистиномер.мк“: Химната не е отстранета од образовните програми за основците

септември 13, 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски, деновиве во јавноста ја пласираше информацијата дека „Во новата наставна програма химната е отстранета и наместо неа, Власта смета дека поважно за ќерка ми е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori“, која „Вистиномер.мк“ ја оцени како невистина.  Ова тврдење на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК […]

Пропустот на Тамара со химната ги зовре и бугарските медиуми

јули 4, 2019

Голем број бугарски медиуми денеска интензивно ја следеа целата ситуација со вчерашното исполнување на македонската химна од Тамара Тодевска во Амбасадата на САД, на прославата на националниот празник на САД, 4 Јули, кога таа не ја испеа строфата со имињата на Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански. Најголемиот дел ја пренесоа основната […]

Бошњаковски: Химната нема да се менува, АСНОМ ќе остане во преамбулата на Уставот

ноември 7, 2018

АСНОМ останува во преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите донесени одлуки, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, оценувајќи ги како неточни информациите што се шират по социјалните мрежи. Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе […]

Бошњаковски: Нема промена на химната и на државните симболи

јули 4, 2018

Не се водат, ниту ќе се водат разговори со Грција за промена на химната, ниту некои од македонските државни симболи, одговори денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на новинарско прашање дали согласно Договорот со Грција ќе се менува и македонската химна или некој државен симбол. -Ниту во минатото, ниту сега, ниту некогаш во иднина ќе се […]

Спомениците ќе имаат натписи со појаснувања, химната останува иста, велат од Владата

јуни 13, 2018

Државните институции, оние кои се финансираат од државата, ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција, одговори портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прашањето за евентуална промена на имињата на АРМ, МАНУ, МРТ, МНТ. Тој информираше дека средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не осуди ниту една иредентистичка изјава

мај 10, 2017

ВМРО-ДПМНЕ преку редовното утринско соопштение денеска го напаѓа СДСМ дека досега не осудил ниту една шовинистичка изјава од албанските политичари. „Криминалецот Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава што доаѓа од Зијадин Села, Билал Касами, Еди Рама и ред други. […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се претвори во маша на Рама и на Тачи и закана по безбедноста во регионот

мај 5, 2017

Криминалецот Зоран Заев во еден ден ги направи Македонците и Бугари и Срби, и покажа како планира „да ја витка кичмата“ на Македонецот во иднина, порачува ВМРО-ДПМНЕ во денешното редовно утринско соопштение за јавноста. Партијата вели дека Заев е поттикнувач и поддржувач на пеењето на албанската химна во Собранието и дека со кршење на Уставот, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе коалицира со Села, човекот кој Македонците ги множи со нула

март 10, 2017

„Зоран Заев си поигрува со националните и со државните интереси. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е заглавен до гуша, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување. Затоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден сè погласно“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „последното кое […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ги осуди партизаните и борците од АСНОМ за нивната борба

март 7, 2017

„Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година. Ова е точка од платформата преку која СДСМ сака да ги осуди борците од АСНОМ и партизаните за нивната борба за слободна држава“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека […]

Тачи: Во Тетово ќе вложиме 300 милиони евра и ќе го решиме проблемот со загадувањето

декември 8, 2016

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на митингот во Тетово изјави дека за лошата состојба на Албанците виновни биле неговите политички противници од ДУИ. Тој побара Албанците на следните избори да го дадат гласот за ДПА, партија која нема да отстапи од нејзината платформа, која гарантира економска еднаквост на Албанците. – Ние ќе победиме на овие […]

СДСМ го осудува недоличното навивање на натпреварот меѓу Македонија и Албанија

септември 6, 2016

СДСМ денеска преку соопштение го осуди недоличното навивање и свирежите на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Албанија. „Очекуваме дека вчерашните груби навреди упатени од група навивачи на домашната репрезентација кон репрезентативците од Македонија, додека тие ја пееја химната на Македонија, и фрлањето факли на трибината со навивачи од Македонија, ќе добијат соодветна осуда од Фудбалската […]

Канадските парламентарци гласаа за родово неутрална химна

јуни 16, 2016

Канадските парламентарци денеска гласаа за измена на химната за нејзините стихови да бидат во согласност со политиката на новата либерална влада, која сака да биде инклузивна кон жените. Со законот ќе се измени англиската верзија на химната „О, Канада“, така што стихот „О, Канада, ти си толку голема земја што сите твои синови вистински те сакаат“ ќе гласи […]

Демонстрантите седнаа пред Собранието, ја пеат химната и палат свеќи

мај 6, 2015

Демонстрантите стигнаа пред Собранието на Република Македонија. Тие седнаа на улицата и ја пееја химната на Македонија и запалија свеќи. Групата извикува „уа, уа“, „оставка, оставка“ и „готово е Никола“. Насобраните со едноминутно молчење, истовремено со оние кои протестираат во Битола и во Прилеп, му одадоа почит на убиениот Нешковски. Забележително е големо присуство на […]

Даниел Кајмакоски ќе ја пее химната за Светското ракометно првенство во Доха

јануари 13, 2015

На 15 јануари во спортската сала „Лусеил хол“ (Lusail Hall) во Доха, Даниел Кајмакоски, со уште 24 изведувачи од земјите-учеснички на Светското првенство во ракомет, ќе ја отпее химната „Live it“, создадена специјално за овој настан. Продуцентската куќа „Мелоди ворлд“ (The Melody World) од Лос Анџелес ја создаде оваа песна, а Даниел пред три месеци беше во […]

Кајмакоски во официјалната химна за СП во ракомет во Катар

декември 19, 2014

Организаторот на Светското првенство во ракомет за мажи во Катар ја објави официјалната химна насловена „Live it“. Станува збор за песна во која пеат повеќе изведувачи од различни земји, меѓу кои и македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, кој, како што објави веб-страницата на ракометниот клуб „Металург“, најверојатно ќе биде и дел од македонските обожаватели во Доха.  

Страна 1 од 1