fbpx

Денеска 150 нови случаи на ковид-19, пријавени се 4 починати лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 84, Битола – 23 и Прилеп – 9. Од вкупниот број на позитивни (150), регистрирани се 27 реинфекции од ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Демир Хисар (68г). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од Скопје на возраст од 58 до 93 години во периодот од 12 до 17.03.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 246 оздравени пациенти од ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.967, бројот на оздравени пациенти е 297.600, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 1.111.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...