Startup Weekend Skopje со 11-то издание што ќе се одржи од 6 до 8 мај

Од 6 до 8 мај во Инофеит ќе се одржи 11-тото издание на Startup Weekend Skopje. По 2 години онлајн издание, оваа година настанот ќе се одржи во живо, информираат организаторите на настанот.

„Startup Weekend Skopje e 54-часовен настан каде младите претприемачи имаат можност да ја презентираат и разработат својата иновативна стартап идеја! Многу повеќе од настан – Startup Weekend Skopje преку претприемништвото и тимска работа, инспирира и ги мотивира младите да разработат нешто свое. На настанот младите имаат можност да ја презентираат својата стартап идеја, да формираат тим и со помош на менторската поддршка да го разработат концептот околу идејата“, се наведува во соопштението.

Исто така, учесниците ќе имаат можност да ја споделат својата идеја со локалните и странски ментори, кои несебично ќе го споделат нивното искуство и ќе ги советуваат учесниците како да ја разработат својата идеја.

На крајот од настанот, решенијата кои ќе бидат оценувани од судии-експерти, ќе се стекнат со вредни награди, како и реална можност за реализирање на нивната идеја.

Теchstars Startup Weekend е интернационален настан поддржан од Google for Entrepreneurs. До сега се организирани повеќе од 3.000 настани во 150 земји, низ кои поминале над 400.000 млади претприемачи.

Tимот Солвео, кој 5-та година по ред го организира Startup Weekend Skopje вели дека ова е искуство кое не треба да се пропушти. Тие ги повикуваат сите млади иноватори да направат чекор напред и да се пријават на настанот.