fbpx

Османи: Околу 50 државјани чекаат на евакуација од Украина

-

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Притоа, од овие граѓани што чекаат евакуација не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме, информираше на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој рече дека од тие 50 државјани, 20 се во Киев, а останатите се во други градови низ Украина. Според министерот, во градот Харков кој е мета на ракетирања, се наоѓа македонско семејство со новороденче старо само пет дена.

„Има едно семејство со петдневно бебе во Харков каде се одвиваат најголемите воени дејствија во моментот. Ние сме во постојана комуникација со нив. Тие реално не можеле да одговорат на нашиот повик за да ја напуштат Украина затоа што чекале термин за породување којшто се случил неколку дена пред руската инвазија“, информира Османи.

Тој нагласи дека МНР родолжува со активностите според околностите кои континуирано се менуваат на терен.

„Нашите очекувања се дека ќе се влошат околностите уште повеќе, меѓутоа мораме во такви околности да најдеме начини да ги евакуираме нашите граѓани и тоа е наш прв и најважен приоритет секој од нив да го извлечеме, меѓутоа безбедно“, рече Османи додавајќи дека очекува денес да ги извлечат останатите ОБСЕ монитори од Украина.

Министерот Османи предходно кажа дека македонското МНР ќе ги евакуира и украинските граѓани кои се сопружници на граѓани на Република Северна Македонија.

„Има наши државјани кои се мажени или женети со граѓани од Украина, помина одлука на Влада со која и на нивните семејства ќе им обезбедиме засолниште во земјава, но треба прво да се обезбеди безбедносен коридор за евакуација“, рече Османи за време на саботната прес конференција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Најголем напад на Русија врз украинскиот енергетски систем во последните неколку седмици

Руски проектили и беспилотни летала погодија речиси десетина украински критични инфраструктурни објекти во голем воздушен напад рано во средата, предизвикувајќи сериозна штета на три термоелектрани од времето на Советскиот...