fbpx

УНЕСКО: Властите за три години да го решат проблемот со дивите депонии во Југозападниот регион

-

Во последниот Нацрт-извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата, Југозападниот плански регион и општините мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково и Мауцкер во Охрид, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни ѓубришта во регионот, а просторот соодветно да го исчистат и оплеменат.

Според претходниот извештај, охридската депонија во Буково требаше да биде затворена до крајот на 2020 година и повеќе на таа локација да не се одлага отпад, но во најновиот извештај, за оваа препорака се вели дека треба да се исполни во временска рамка од три години.

Откако отпадна идејата за изградба на регионална депонија во Општина Дебрца, оваа година Југозападниот плански регион мора да изнајде решение за изградба на регионална депонија. Кога станува збор за депонијата за инертен шут на влезот на Охрид, кај Мауцкер, пред помалку од една година директорот на ЈП „Охридски комуналец“ кажа дека Мауцкер засега е единственото решение за граѓаните да го одлагаат градежниот шут, а истиот се депонира на Мауцкер по принципот на депонијата Буково со зарамнување.

Помалите и многу бројни диви депонии во Охридското сливно подрачје, во рамките на своите можности ги расчистуваат јавните комунални претпријатија и еко ентузијастите.

Најновиот Нацрт-извештај на УНЕСКО претставува своевиден резултат на реактивната мониторинг-мисија од месец февруари 2020 година и е сублимат на забелешките од сите претходни мониторинг мисии кои биле реализирани во овој регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...