четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: расчистување | 21 резултати

Се расчистува кејот на Вардар кај новиот пешачки мост кој беше непрооден осум години

јануари 12, 2021

Почна да се расчистува кејот на реката Вардар во близина на Македонскиот народен театар и новиот пешачки мост. Досега екипите на Град Скопје подигнале 27 кубни метри градежен материјал, а се најавува дека чистењето ќе продолжи и во наредните денови. Како што соопштија од Градот, овој дел од кејот речиси осум години не бил прооден […]

Богоев бара полициска контрола за справување со палењето на депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“

септември 18, 2020

Со механизација и вонредни дежурства на комунални редари, Општина Карпош ќе ја расчистува депонијата кај Спортскиот центар „Борис Трајковски”, која изминатава недела гореше во два наврати. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев информираше дека утринава се обратил и до СВР Скопје, од каде побарал зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот […]

Град Скопје: Коловозите се целосно чисти, се дорасчистуваат тротоарите

јануари 11, 2019

Коловозите на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните, информираат од Град Скопје. „Во текот на изминатава вечер повторно се поминати сите булевари […]

Ќе се расчистуваат дивите депонии на националниот парк Галичица

септември 4, 2018

Директорот на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски, најави проект во соработка со националниот парк „Галичица“, за расчистување на бројните диви депонии на потегот околу селото Рамне како и на патот за селото Велестово. „Во преговори сме со раководството на националниот парк „Галичица“ да изработиме еден заеднички проект за расчистување околу селото Ремне како и […]

„Комунална хигиена“ ќе го преземе чистењето на Клинички центар

јули 13, 2018

Екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ утрово спроведоа чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а како што велат од Град Скопје, планирано е ова претпријатие да го преземе чистењето на болничкиот комплекс. Но за тоа да се случи ќе треба да „ги решиме правните аспекти на набавката“, велат од Град Скопје, апелирајќи граѓаните […]

Ветерот го исфрли сметот од Охридско Езеро на кејот

март 7, 2018

Силниот јужен ветер го исфрли сметот од Охридско Езеро на кејот и на пристаништето. Екипи на „Охридски комуналец“ од рано утрово работат на расчистување на отпадот и трската што ги фрлаат езерските бранови. Од Општина Охрид информираат дека ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови по најавите на метеролозите дека ќе дува јужен ветер […]

Почна расчистувањето на насипите во Вардар кај галиите

февруари 7, 2018

Град Скопје денеска почна со расчистување на насипите и градежниот материјал во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје, односно меѓу мостот Гоце Делчев и Камениот мост. Активностите се со цел да се намали опасноста од излевање на реката Вардар при поголеми врнежи од дожд. – Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат […]

Тетовци истурија отпад пред Општината и побараа оставка од Арифи

август 20, 2017

Протестот на тетовци за чист воздух помина мирно, а граѓаните побaраа оставка од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Тие истурија отпад пред зградата на Општината и извикуваа „Сакаме да дишеме“ и „Еве ви го отпадот“. Граѓаните најпрво се собраа на плоштадот, а од таму се упатија кон зградата на Општината. Тие денеска се жалеа на […]

Македонските акцијаши и волонтери на собрание и на работа во Охрид

мај 13, 2017

Сојузот на акцијаши и на волонтери на Македонија, денеска во Охрид го оддржува првото годишно собрание. Акцијашите и волонтери го  разгледуваат извештајот за едногодишната активност. Ќе се разговара и за подготовките за меѓународен волонтерски камп – „Охрид 2017“. По состанокот, македонските акцијаши и волонтери, организирани од охридските колеги, ќе изведат акција за расчистување на зелениот […]

Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието

мај 3, 2017

Одделот за антитероризам при МВР ја подигнал импровизираната експлозивна направа од Собранието за понатамошна постапка, информираат од МВР. Оттаму додадваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. Вчера, во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК) Скопје, началникот на обезбедувањето на Собранието пријавил дека во ходникот на првиот кат е пронајдена […]

Град Скопје: Утрово фрлени 50 тони сол на улиците и на булеварите

јануари 16, 2017

Од почетокот на снежните врнежи утрово, екипите на зимската служба на Град Скопје фрлиле 50 тони сол на градските улици и булевари, соопштија од Град Скопје. Оттаму велат дека паралално со коловозите, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и на мразот од тротоарите и од јавните површини. „Во расчистувањето […]

Битолско Мариово три дена завеано во снег

јануари 9, 2017

Битолскиот дел на Мариово веќе неколку дена е отсечен од цивилизацијата со наноси од снег и по еден метар. Селото Гермијан, каде има околу стотина жители, веќе трет ден нема комуникација со градот, а иста е состојбата во уште дваесетина села во општина Новаци. Отсечени се селата Гермијан, Бач, Живојно, Брод, Скочивир, Добровени, и од […]

Блокирани патишта и отсечени села во источна Македонија поради големи снежни наноси

јануари 6, 2017

Со интервенција на полицијата повремено се пропуштаат возила од двете страни на патот Штип – Кочани, каде сообраќајот неколку часа беше во целосен прекин поради големите снежни наноси. Силниот ветер што дуваше цела ноќ, а продолжи и утрово, создаде наноси високи и до два метри кај селото Крупиште, поради што привремено беше затворен патот Штип […]

„Македонијапат“: Работиме на оспособување на сите проблематични делници

август 8, 2016

Поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по обиколница Скопје, од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистувањето и оспособувањето на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот, соопшти јавното претпријатие „Македонијапат“. Од таму наведуваат дека нивните екипи се постојано на терен со […]

Пустош во Ченто по невремето: Скокале од балкони за да се спасат од поплавите

август 7, 2016

Возило на Итната медицинска помош само што изнесе средовечна жена од нејзиниот дом во населбата Ченто, која, како што раскажуваат членови на нејзиното семејството, во обид да ја избегне поплавата во куќата, од синоќешното невреме, морала да скокне од балконот на првиот кат. Соседите велат дека состојбата на улицата Алија Авдовиќ била најстрашна. Поплавени се […]

Патот Шипковица – Бродец делумно расчистен по невремето, жителите и на натаму во грч

август 7, 2016

Надлежните служби сè уште го расчистуваат патниот правец Шипковица – Бродец – Вешала, кој вчера по големите врнежи од дожд беше затрупан со наноси од камења и земја, но по патот, со претпазливост, поминуваат возила за итни случаи. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која денеска го посети местото, изјави дека градежната механизација и во текот […]

Екипи на Град Скопје интервенираа во Доброште

август 8, 2015

Екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, со луѓе и со механизација, работат на терен за санација на штетите од невремето во село Доброште, Општина Теарце. Во справувањето на последиците од невремето во тетовскиот регион, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно се вклучи со повеќе од 100 луѓе, повеќе […]

Страна 1 од 1