Во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, од кои регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2 и Ресен-1, информираат од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека починати се 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53, 76 и 82г).
Институтот за јавно здравје регистрирал 159 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-8, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-10, Струга-6, Велес-4, Битола-3, Охрид-10, Кавадарци-2, Гостивар-13, Гевгелија-11, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-3, Кичево-3 и Ресен-1.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 35 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, како и 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.786, а бројката на оздравени пациенти е 14.801. Починаа 737 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.248. Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на ковид-19.