fbpx

Ќе се бира меѓу 158 дигитални алатки на повикот КРЕАТОН за справување со Ковид-19

-

Вкупно 158, од 546 пристигнати иницијативи, одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). 

Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видео презентација пред Комисијата за евалуација и избор. Комисијата е составена од членови на Амбасадата на Швајцарија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализацијакапацитет на проектниот тим и влијание.

Предлог иницијативите нудат решенија во неколку области – во најголем дел се наменети за е-образование, медицина, ИТ платформи за прилагодување на бизнисот во услови на криза, финансии и трговија, како и информирање, култура и слободно време. Решенијата што по завршување на оваа фаза ќе бидат избрани за реализација имаат рок од 15 дена да бидат функционални.

Дополнително, се очекува решенијата да бидат целосно применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со КОВИД-19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000 евра. Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од Ковид-19. Тие веќе финализираат и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економија, како дополнение на пакетот економски мерки на владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...