fbpx

Ангеловска: Во најлошото сценарио за последиците од кризата буџетот би останал без 1,3 милијарди евра

-

Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека има три сценарија за справување со последиците што ги предизвика корона вирусот во економијата: поволно, неповолно и најнеповолно.

„Кај првото сценарио – поволното, предвиден е пад од 20 отсто на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра, односно за толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање. Кај второто сценарио, неповолното, падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30 отсто со што потребите би се зголемиле за околу една милијарда евра. И кај третото, најнеповолното, доколку приходите паднат 40 отсто, дополнителните потреби би биле околу 1,3 милијарди евра,“ рече Ангеловска.

Таа додаде дека кај сите сценарија најголемиот пад на даноците се очекува во вториот квартал – од 40 до 65 отсто во однос на претходната година. Претпоставките за третиот и четвртиот квартал се разликуваат согласно кога би започнал периодот на економско заздравување и стабилизација.

Ангеловска вели дека најголемиот удар се очекува во вториот квартал од годинава

„Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата. Ова се должи на самиот карактер на кризата, затоа и нашите сценарија постојано се обновуваат, па така од секое сценарио имаме повеќе верзии. Во тек е постапка за обезбедување на средства од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и инструментот премостување до обврзница. Постапките се во тек и се очекува до мај да ги обезбедиме овие средства“, рече Ангеловска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...