fbpx

Србија ја престигна Грција по новооткриени случаи со Ковид-19

-

На балканската црна листа за заразени и починати од новиот корона вирус, претпладнево, исто како и во изминатите неколку денови, први беа Романија и Турција. Но, погледнато по бројката на новооткриени случаи во период од 24 часа, од досегашното трето место Грција беше истисната од Србија, се гледа од податоците што ги објавува американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот.

Турција претпладнево имаше 2.704 нови случаи на заразени и 46 нови случаи на починати во однос на вчера претпладне. Романија имаше 136 нови случаи на заразени и 17 починати. Бројките за овие земји се високи но тие се држави на Балканот со најголемо население.

Затоа, она што изненадува во однос на вчера, барем по порастот на новооткриени случаи на новиот корона вирус за едно деноноќие е што Србија имаше 115 нови случаи, а Грција само 102 нови. Инаку, двете земји имаат приближен број население.

Другите бројки може да ги видите подолу.

Турција
13.531, а вчера: 10.827 (2.704 нови)
214 смртни случаи, а вчера: 168 (46 нови)
243 излекувани, а вчера: 162 (81 нови)

Романија
2.245 случаи, а вчера: 2.109 (136 нови)
82 смртни случаи, а вчера: 65 (17 нови)
220 излекувани, а вчера: 209 (11 нови)

Србија
900 случаи, а вчера: 785 (115 нови)
16 смртни случаи (0 нови)
излекувани 0

Хрватска
867 случаи, а вчера: 790 (77 нови)
6 смртни случаи (0 нови)
67 излекувани (0 нови)

Словенија
802 случаи, а вчера: 756 (46 нови)
15 смртни случаи, а вчера: 11 (4 нови)
10 излекувани (0 нови)

БиХ
430 случаи, а вчера: 379 (51 нови)
13 смртни случаи, а вчера: 10 (3 нови)
17 излекувани (0 нови)

Црна Гора
120 случаи, а вчера: 105 случаи (15 нови)
2 смртни случаи, а вчера: 1 (1 нов)
0 излекувани

Косово
112 случаи, а вчера: 106 (6 нови)
1 смртен случај (0 нови)
6 излекувани, а вчера: 1 (5 нови)

Албанија
243 случаи, а вчера: 223 (20 нови)
15 смртни случаи, а вчера: 11 (4 нови)
52 излекувани, а вчера: 44 (8 нови)

Грција
1.314 случаи, а вчера: 1.212 (102 нови)
52 смртни случаи, а вчера: 46 (6 нови)
52 излекувани (0 нови)

Бугарија
412 случаи, а вчера: 379 (33 нови)
8 смртни случаи (нема нови од вчера)
20 излекувани, а вчера: 17 (3 нови)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...