fbpx

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на Теофиловски, но и го спаси од притвор

-

По два и пол часа расправа, Судскиот совет одлучи да му го одземе судскиот имунитет на нивниот колега Зоран Теофиловски. Овој член на Судскиот совет ќе мора да учествува во натамошното водење на кривичната постапка за злоупотреба на службена положба, во која тој е првоосомничен, информираат од Судскиот совет.

Покрај ова, Судскиот совет одлучи да не го одобри барањето за определување мерка притвор за судијата Зоран Теофиловски, коешто беше поднесено од страна на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје.

Членот на Судскиот совет Теофиловски денеска самиот се јави во Основниот кривичен суд, откако полицијата во текот на вчерашниот ден безуспешно трагаше по него. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сомничат осум лица, меѓу кои е и Теофиловски, за нанесување на штета на државниот буџет во висина од околу 860.000 евра за бесправна легализација на тениско игралиште во Тетово, коe подоцна било и приватизирано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...