fbpx

Владата денеска очекува нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

-

Владата останува на ставот дека предложениот технички министер за внатрешни работи Драган Ковачки е противуставно решение, и од тука очекува нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ денеска.

Тоа би било предуслов за од утре Оливер Спасовски да ја преземе функцијата премиер на техничката влада пред одржувањето на изборите. Спасовски вчера изрази верување дека опозицијата ќе предложи нов кандидат кој ќе го раководи Министерството за внатрешни работи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера се сретна со кандидатката за технички министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, кандидатката за дополнителен или заменик министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, кандидатот за заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и кандидатката за заменик министер за информатичко општество и администрација, актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска Стојковски, а помеѓу нив не беше Ковачки.

Тој информираше дека тоа се луѓето кои ќе ја заштитат волјата на граѓаните и ќе донесат промени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...