среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: одбиено | 14 резултати

Мијалков остана без пасош, одлуките за притворите во „Титаник“ – утре

2 јули 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 го отфрлија како неосновано и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е првообвинет во случаите „Трагет“ и „Тврдина“, што СЈО ги спои во едно обвинение. Бараната мерка притвор, како што соопшти денеска […]

Левица: Судот го одби барањето на саботерите што не сакаат да учествуваме на изборите

8 декември 2016

Основниот суд Скопје 2 донел решение со кое го одбил како неосновано барањето за донесување привремена мерка за забрана на партијата Левица да учествува на предвремените парламентарни избори, закажани за недела, 11 декември. Барањето, кон крајот на минатиот месец, го поднесе лице кое се преставува како член и основач на партијата. „Ова е уште еден […]

Панчевски, Груевска-Илиевска и Башеска го блокираат СЈО во истрагите „Таргет“ и „Трезор“

2 декември 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од судиите Владимир Панчевски, како претседател на судот, и судијките Дијана Груевска-Илевска (заменик-претседател на судот н.з.) и Љубинка Башеска (судијката во случајот „Пуч“ н.з.), вторпат одбил да издаде наредба за да може Специјалното јавно обвинителство да изврши претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори во […]

Судот не ѝ го одзеде пасошот на Канческа-Милевска, барањето на СЈО било неосновано

31 октомври 2016

Судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство и не им ги одзеде пасошите на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште еден осомничен во случајот „Тендери“. Ваквата одлука судијата ја донел по распитот на двајцата осомничени, во петокот минатата недела. Барањето на СЈО, тој го одбил како неосновано и решението […]

СЈО: Безбедноста на опремата ќе биде на товар на УБК, бидејќи не пуштаат наши истражители

22 октомври 2016

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, денеска го известил Специјалното јавно обвинителство дека не дозволува истражители на СЈО физички да бидат присутни во УБК додека не дојде надворешниот експерт, кој треба да помогне во извлекувањето на податоците од системите за прислушување. „Откако беа прибавени поголем дел од податоците, а за целосно спроведување […]

Панчевски го одби барањето на СЈО за изземање на судијката во „Трезор“

5 октомври 2016

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува по предлогот на СЈО за одредување мерки на претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на судијката поради околности што упатуваат на […]

Амбасада на САД: Стејт департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери

30 јуни 2016

Американскиот Стејт департмент може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, во согласност со претседателската декларација 7750. Ова било наведено во одговорот од Амбасадата на САД во земјава на прашањето на „24 Вести“ дали на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му е одбиено барањато за американска виза. Од амбасадата не […]

Судот го одби барањето на СЈО за изземање на Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“

27 јуни 2016

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, информираше попладнево судот. Одлуката, како што велат оттаму, ја донел заменик-претседателот на судот, Ивица Стефановски, бидејќи претседателот Владимир Панчевски бил на одмор. „Во отсуство на претседателот на судот, кој користи денови од годишниот одмор, […]

Ристовска: Одбивањето на барањето за претрес е преседан во правосудната практика

30 март 2016

Одлуката на судијата да го одбие барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за претрес во домот на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски е преседан во правосудната практика, рече обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска на денешната прес-конференција. Според Ристовска, досега не се случило судија на претходна постапка да одбие […]

Владата го одбила предлогот на Спасовски да им се попушти на автошколите

11 февруари 2016

Владата на синоќешната седница го одбила предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да се одложи обврската на автошколите за поставување на камери во возилата за обучување за кандидатите, брифираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Формулацијата на Владата, како што велат од МВР, била дека прелог-законот на Спасовски не е утврден, а објаснувањето […]

Страна 1 од 1