среда, 16 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: одземање | 19 резултати

РКЕ отпочна постапка за одземање на лиценци на компании-увозници на мазут

јуни 9, 2021

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека започна постапка за одземање на лиценци на трговците на големо РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, поради непоседување на оперативни резерви на мазут. Овие неусогласености кај сите четири трговци на големо ги констатирал Државниот пазарен […]

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на Теофиловски, но и го спаси од притвор

декември 31, 2019

По два и пол часа расправа, Судскиот совет одлучи да му го одземе судскиот имунитет на нивниот колега Зоран Теофиловски. Овој член на Судскиот совет ќе мора да учествува во натамошното водење на кривичната постапка за злоупотреба на службена положба, во која тој е првоосомничен, информираат од Судскиот совет. Покрај ова, Судскиот совет одлучи да […]

На собраниска комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

мај 23, 2019

За денеска во 11 часот e закажана седницата на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој повеќе од 6 месеци е неоправдано отсутен од собраниските обврски. Доколку предлогот за одземање на мандатот биде усвоен на комисијата, ќе биде испратен за одлучување […]

Дамовски, Илиевски и Арнаудов излегуваат од „Шутка“, Апелација им одреди куќен притвор

февруари 21, 2018

Организаторите на протестите на „За заедничка Македонија, Борис Дамовски и Богдан Илиевски и пратеникот Љубен Арнаудов, излегуваат од истражниот затвор „Скопје“, откако Апелацискиот суд Скопје им ги прифатил жалбите и им ја заменил мерката притвор со куќен притвор и да им бидат одземени пасошите, потврдиле за „Телма“ од судот. Дамовски, Илиевски и Арнаудов се меѓу […]

АХВ со засилени контроли на увозот на бразилско месо

јануари 6, 2018

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека, на бразилската компанија „Сеара алиментос“ (Seara Alimentos LTDA) која извезува месо и во Македонија, и е одземена лиценцата за извоз и е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од Бразил. АХВ информацијата ја добила преку Министерството за надворешни работи, каде што пристигнало известување од дипломатско-конзуларното […]

Собранието напладне ќе одлучува за имунитетот на шестeмина пратеници

декември 1, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за дененска напладне ја закажа пленарната седницата на која ќе се одлучува за одземањето на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, во врска со барањето на Кривичниот суд за нивно притворање. Шестемина пратеници се дел од 36-те осомничени за насилствата […]

Судот досега нема побарано одземање на имунитетот на приведените пратеници

ноември 28, 2017

До овој момент во Собранието нема пристигнато барање од Кривичниот суд за одземање на пратеничкиот имунитет на пратениците што се приведени утрово за насилствата во законодавниот дом од 27 април оваа година, изјави за „Мета“, пратеникот Павле Богоевски, претседател на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. – За да заседава и да одлучува Комисијата, […]

Донаторите на споменикот на Ќосето ќе останат без просториите во Скопје

октомври 31, 2017

Владата на денешната 34. седница, меѓу другото, ќе одлучува и за одземање на просториите во Скопје на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, кое се јавува како донатор на неколку споменици од проектот „Скопје 2014“. „На дневниот ред на Владата ќе се најде и предлог-одлуката за престанок на трајно користење […]

„Тврдокорни“ го прогласија Иванов за „кукавица од претседател“ бидејќи не ги примил

октомври 12, 2017

Дваесеттината членови на здружението „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“ и Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ кои денеска излегоа на протест пред претседателската резиденција, не успеаја да му го предадат барањето на претседателот Ѓорге Иванов за одземање на мандатот на премиерот Зоран Заев. Претставници на здруженијата пред резиденцијата соопштија дека биле известени од обезбедувањето дека Иванов си заминал. […]

Трамп ѝ се закани на „Ен-би-си“ со одземање на лиценцата

октомври 11, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска повторно ги нападна медиумите, кои, според него, шират лажни вести и праша дали треба да им бидат одземени дозволите за работа. „Со сите лажни вести кои доаѓаат од „Ен-би-си“ и од мрежите, кој момент е соодветен да им бидат оспорени лиценците? Лошо за земјата!“, напиша Трамп на „Твитер“. With […]

ВМРО-ДПМНЕ: Барањата од СЈО за притвори и одземање пасоши се политичка пресметка

јули 15, 2017

Преку две прес-конференции денеска ВМРО-ДПМНЕ ги оквалификува барањата за притвор од страна на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ се груб политички обид за притисок врз Апелациониот суд за тој да не ги поништи одлуките за одземање на патните исправи донесени во првостепена постапка. – Одлуките за одземање на патните исправи на дел од раководството на […]

СЈО: Од Централен регистар ќе одземаме документација и во наредните денови

март 24, 2016

Специјалното јавно обвинителство во синоќешната акција одзело дел, а во наредните денови треба да ја подигне целокупната документација од Централниот регистар, соопшти попладнево СЈО. Оттаму не откриваат за какви документи и за потребите на кои предмети се одземаат материјалите, но велат дека станува збор за „обемна документација“. „Во текот на вчерашниот ден (вечерта) воспоставена е […]

Кривичен суд: Акцијата на СЈО во Централен регистар како по холивудско сценарио

март 24, 2016

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 вчера на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за одземање документација од Централниот регистар, соопшти денеска Основниот суд. Оттаму додаваат дека од СЈО не била побарана наредба за претрес. Во соопштението се наведува дека конкретниот случај покажува дека судот „соработува и има позитивен пристап кон […]

СЈО синоќа одзело документи од Централниот регистар

март 24, 2016

Истражителите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) синоќа влегле во Централниот регистар и ги одзеле документите што СЈО ги бара за истрагите што ги води, објавија дел од медиумите, кои се повикуваат на извори од обвинителството. Според телевизијата „24 Вести“, обвинителите на СЈО го напуштиле Централниот регистар утрово, околу 4 часот, откако успеале да ги соберат сите документи […]

Денеска ќе се одлучува за мандатите на пратениците

декември 2, 2014

Комисијата  за мандатно-имунитетни и деловнички  прашања денеска ќе решава за опозициските мандати. Според деловникот, членовите на комисијата треба да донесат предлог дали пратениците кои шест месеци не се појавиле во Собранието се оправдано или неоправдано отстутни. Според правилата, собранискиот спикер потоа треба да го стави предлогот на дневен ред на првата наредна собраниска седница. За […]

Страна 1 од 1