fbpx

Членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски и седум други лица под истрага за злоупотреба на службена должност

-

Одделот за организиран криминал при МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик. Меѓу нив е членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски, како и службеници вработени во Секторот за урбанизам на Општина Тетово.

Обвинителството го товари Теофиловски за бесправна легализација на тениско игралиште на поранешното Тениско спортско Здружение Љуботен од Тетово, каде што актуелниот член на Судскиот совет бил поранешен претседател.

„Кон крајот на месец август 2011 година првоосомничениот како тогаш одговорно лице – Претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, започнал постапка за легализација. Кон Барањето за утврдување на правен статус на непостоечки објект, до Општина Тетово, приложил нотарски заверена изјава со која лажно изјавил дека станува збор за објект изграден во 1995 година и геодетски елаборат изготвен од второосомичениот во кој е прикажан непостоечкиот објект во површина од 122 метри квадратни“, се нагласува во соопштението на обвинителството.  

Од обвинителството посочуваат дека тениското игралиште било на нелегален начин легализирано, а подоцна и приватизирано за потребите на спортското здружение „Љуботен“. На овој начин, осомничените овозможиле правното лице да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4.410 моткупувајќи го по цена од 43,00 денари за 1м2 или во вкупна вредност од 188.307,00 денари, а на штета на средства на државниот буџет во висина од 52.920.000,00 денари.

Надлежен обвинител што постапува по предметот во текот на денот до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд ќе достави предлог за определување мерка притвор за шест осомничени и мерки на претпазливост за две осомничени лица, информираат од обвинителство. Полицијата во моментов трага по членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски, при што тој не е приведен. Петмина осомничени општински службеници од Тетово претпладнево беа приведени за овој случај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...