fbpx

Фронт 21/42: Препораките на УНЕСКО се далеку од исполнети во Охрид

-

Еколозите критикуваат дека на четири месеци пред истекувањето на крајниот рок, препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион се далеку од исполнети. Од „Фронт 21/42“ посочуваат дека нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување за нивното исполнување, бидејќи клучниот Закон за Охридскиот регион не е усвоен од Собранието.

Од оваа здружение на граѓани потсетуваат дека не е изработена Стратешката оцена на влијанието врз животната средина за Планот за управување со регионот, додека одлуките за времено воведување на мораториум за градење во Струга и Охрид се внимателно скроени да дозволат продолжување на урбаната и крајбрежната трансформација и во наредниот период.

„Во Акциониот план на општините Охрид и Струга, Студиите за влијание на евидентираните дивоградби врз исклучителните универзални вредности на светското наследство се планираат дури во 2021 година“, предупредуваат од „Фронт 21/42“.

Според нив, нема ниту една логична причина зошто клучната постапка во справувањето со дивоградбите се одлага на толку долг временски период. Од „Фронт 21/42“ потсетуваат и дека општина Дебарца нема ниту план, а ниту намера да запре со постапката за легализација на дивоградбите, а само од јули до денес се легализирани 25 нови дивоградби на територијата на оваа општина.

„Деновиве во јавноста е актуелно рушењето на дивоизградените платформи во самото езеро на неколку угостителски објекти на брегот на Охридското езеро. Сакаме да појасниме: ова нема никаква врска со препораката бр.9 од УНЕСКО за справување со дивоградбите“, се наведува во соопштението на „Фронт 21/42“.

УНЕСКО ѝ даде рок на Општина Охрид до 1 февруари 2020 година да ги спроведе препораките за заштита на природното богатство. Доколку не се исполнат овие препораки, Комитетот на УНЕСКО на наредната сесија во 2020 година ќе го впише Охридскиот регион на листата на Светско наследство во опасност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...