недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Фронт 21/42 | 40 резултати

Законот за Охридско Езеро ги крши меѓународните прописи, тврдат екологисти од „Фронт 21/42“

февруари 15, 2024

Со усвојувањето на текстот на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата, Владата и Министерството за животна средина го прекршија домашното и меѓународното законодавство и постапија спротивно на Уставот, велат од еколошката организација „Фронт 21/42“. Тие се незадоволни и од изборот на ЈП „Колекторски систем“ од Охрид за управувачко тело на Охридското […]

Охрид е на патот да постане загрозено наследство, а политичарите си дискутираат

март 29, 2023

Петмина експерти на УНЕСКО, Бернската и Рамсарската Конвенција, на крајот на април ќе дојдат во посета на Охридскиот Регион и ќе ги посетат сите „жешки точки“ на неконтролирана урбанизација и легализирани дивоградби кои го доведуваат во прашање статусот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Но, не само со урбанистичкото дивеење, Охрид долго време […]

Апел до Пендаровски и Ковачевски: Да не се дозволат нови мали хидроцентрали во Маврово

февруари 8, 2023

Граѓанските организации „Еко свест“ и „Фронт 21/42“ денеска побараа Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски да се заложат за раскинување на договорите за концесии за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“, Жировница 5 и 6 и Рибничка 7 и на тој начин да се испочитуваат меѓународните договори, коишто се обврска и за […]

Меѓународни експерти напролет доаѓаат во Охрид да ја скенираат состојбата со заштитата на културното и природното богатство

ноември 28, 2022

Состојбите со природното и културното богатство на Охридскиот Регион ќе се истражуваат на почетокот на идната година. Земјава, по девет месеци задоцнување, одговорила на барањето на Бернската Конвенција меѓународни експерти да го посетат градот на УНЕСКО, заштитен како Светско културно и природно наследство, и на терен да ја констатираат состојбата. Постојниот Комитет на Бернската Конвенција […]

Владата ги игнорира меѓународните експерти загрижени за состојбата со Охрид и Охридското Езеро

октомври 14, 2022

Бернската Конвенција по вторпат годинава ја опомена Владата дека не им испратила одговор кога ќе можат да ја реализираат посетата на Охрид и да утврдат во каква состојба се наоѓа градот заштитен од УНЕСКО како Светско културно и природно наследство. Земјава веќе еднаш доби ваква опомена во мај годинава, откако го пропушти рокот за одговор […]

Екологистите побараа од министерот Нуредини времено да го заштити Маврово додека не се усвои законот за репрогласување

јули 12, 2022

Националниот парк „Маврово“ да добие привремена заштита, додека не се репрогласи како заштитено подрачје според новиот закон, побараа 28 граѓански здруженија. Барањето, кое е поддржано и од 21 пратеник од интерпартиската парламентарна „Зелена група“, денеска на средба со претставници на Националниот парк „Маврово“, Македонско еколошко друштво (МЕД), „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“, му беше предадено и […]

Сè уште не е предоцна да се спаси Охридското Езеро, порачаа од „Фронт 21/42“ на Денот на езерото

јуни 21, 2022

„И покрај алармантното предупредување на Мисијата на УНЕСКО од 2020 година во однос на Охридското Езеро, дека продолжување на трансформацијата води до точка по која нема враќање, нашата земја останува посветена на фарсата додека вредностите неповратно се губат“, велат од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ по повод 21 јуни, Денот на Охридското Езеро. Оттаму […]

Бернската конвенција бара Владата да им потврди термин за проценка на состојбите во Охрид

мај 9, 2022

Бернската конвенција побарала македонските власти да прекинат со сите активности во Охрид, сè додека нивната мисија, на која ќе ѝ се приклучат и претставници на УНЕСКО и Рамсарската конвенција, не дојдат во планираната посета за да ја видат фактичката ситуација. Еколошката организација „Фронт 21/42“ денеска информира дека Бирото на Конвенцијата во последниот извештај ја опоменува […]

Владата да го раскине договорот за мала хидроцентрала во НП „Маврово“, бараат екологисти и професори

март 30, 2022

Екологисти и професори од 37 граѓански организации и повеќе факултети поднесоа барање до Владата да не го продолжува и еднострано да го раскине договорот за изградба на малата хидроцентрала „Рибничка 7“ во Националниот парк „Маврово“, склучен во 2015 година. Рокот за изградба на оваа хидроцентрала истекува на 7 Мај годинава, а според важечкиот договор, доколку […]

Националниот парк „Маврово“ уште чека репрогласување, екологистите велат штетите се непоправливи

март 6, 2022

Репрогласувањето на националниот парк „Маврово“ ќе мора да почека нова Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје. Последната е направена во 2011 година, и според Министерството за животна средина, е стар документ што не содржи податоци за реалната состојба со природното наследство на националниот парк. Минатата година раководството на Националниот парк ја достави оваа Студија со […]

Јавна расправа за измените на Законот за урбанистичко планирање бараат 35 организации

февруари 1, 2022

Министерството за транспорт и врски да организира јавна расправа за предложените измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, бидејќи дел од предложеното може да предизвика долгорочни штетни последици врз природата и животната средина. Ова е барањето на 35 невладини организации, граѓански иницијативи, академски и научни институции од земјава, кое е испратено во дописот до […]

Се озаконува градењето во селата во заштитени подрачја, реагираат екологистите

јануари 27, 2022

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ реагира на најновите измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање кои се предложени од Министерството за транспорт и врски, а за кои ова министерство не организирало јавна расправа. Пред два дена истече рокот за коментари по Предлог-законот прикачен на ЕНЕР, а од „Фронт 21/42“ имаат неколку забелешки. Меѓу […]

Бернската конвенција отвори случај за закани врз Охридското Езеро и Галичица

декември 3, 2021

Бернската конвенција отвори случај против Владата на Северна Македонија за заканите врз Емералд подрачјата Охридско Езеро и Галичица. Жалбата е поднесена уште од 2016 година од страна на граѓанска организација „Фронт 21/42“, а по последните алармантни случувања поврзани со дивоградбите и урбанизацијата во заштитеното подрачје, Конвенцијата одлучи да отвори случај против државата. Граѓанските активисти се […]

Екологистите бараат Владата да прогласи мораториум за урбани и крајбрежни активности во Охрид

јули 29, 2021

Еколошките активисти се загрижени за иднината на нашето единствено светско природно и културно наследство, по усвојувањето на одлуката на Комитетот за светско наследство да не го впише Охридскиот регион во листата на светски наследства во опасност. Од граѓанската организација „Фронт 21/42“ побараа Владата да донесе итна одлука за прогласување на вистински мораториум на секаква урбана […]

Македонски и албански еколошки организации бараат Охрид да се прогласи за светско наследство во опасност

јули 22, 2021

Македонски и албански еколошки организации апелираа до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Охрид да се стави на листата на светски наследства во опасност. Екологистите од двете држави кои го делат Охридското езеро, но и грижата за природното и културното богатство, сметаат дека уништувањето на вредностите продолжува и по препораките и предупредувањата на Комитетот за […]

Фронт 21/42: Остранувањето на платформите во Охрид и Струга не го решава проблемот со дивоградбите

јуни 15, 2021

Отстранување на дел од привремените конструкции и опрема од плажите во Охрид и во Струга, не е спроведување на препораката за справување со дивоградбите, сметаат од граѓанската организација Фронт 21/42. Во јули 2017 година УНЕСКО побара да се стопира легализацијата во рамки на светското наследство и итно да се изработи Инвентар на сите дивоградби. Врз […]

Фронт 21/42: Управувањето со светското наследство во Охридскиот регион е јасен показател за невладеење на правото

април 7, 2021

Еколошката организација Фронт 21/42 реагира дека се прекршени законите од страна на надлежните институции во врска со организираната јавна презентација и расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица Север, за план кој ќе биде достапен на јавноста во период од 5 април до […]

Нуредини ја стави Шара во привремена заштита, екологистите задоволни

март 22, 2021

Министерот за животна средина Насер Нуредини ја стави Шар Планина во привремена заштита сè додека не биде прогласена за национален парк. Како што информираат од министерството, Нуредини денеска донел решение според законот за заштита на природата, за привремена заштита на делот од Шар Планина за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје во […]

Институциите да не се правдаат дека немаат надлежност за Охрид, бараат екологистите

март 4, 2021

Институциите да побараат да се вклучи анекс со инвентар на дивоградби во рамките на Планот за управување со Националниот парк „Галичица“, кој моментално се изработува, и со кој точно ќе се оцени нивното влијание врз средината во паркот, но и да не се оправдуваат со немање надлежност да дадат препораки и став за новиот хотел […]

Екологистите до Заев: Владата не е свесна за сериозноста на имплементацијата на зеленото енергетско сценарио

февруари 16, 2021

Граѓанските организации „Еко Свест“ и „Фронт 21/42“ денеска повторно му се обратија на премиерот Зоран Заев со порака да го преиспита неговиот став дека малите хидроцентрали се најеколошки извори на енергија. Екологистите се загрижени што, во услови на климатската криза во која живееме, на покачување на глобалните температури и намалување на водните ресурси во кои […]

Страна 1 од 2