среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Фронт 21/42 | 40 резултати

Екологистите контра Анѓушев: Нема бенефити од малите хидроцентрали

февруари 15, 2021

Еколошките организации се против изградба на мали хидроцентрали за кои сметаат дека ги уништуваат реките и живиот свет кој зависи од нив. Екологистите не се согласуваат со ставот на претседателот на Групацијата на мали хидроцентрали во Стопанската комора на Македонија, Тодор Анѓушев, кој тврди дека тие носат само бенефит на државата. Инвестициите во обновливи извори […]

Екологистите апелираат претседателот Пендаровски итно да го стави Охрид под привремена заштита

јануари 13, 2021

Граѓанската организација Фронт 21/42 упати апел до претседателот на државата, Стево Пендаровски лично да се заложи за извршување на меѓународнитe договори кои ги ратификувала земјава и на тој начин да помогне да се заштити природното и културното богатство на Охридскиот регион. Екологистите, по објавувањето на загрижувачкиот нацрт-извештај на УНЕСКО, со кој се заклучува дека Охрид […]

Фронт 21/42 бараат да нема нови мали хидроцентрали на Шара

ноември 10, 2020

Невладината организација Фронт 21/42 смета дека Предлог-законот за прогласување на Шар Планина за национален парк е спротивен на еден од клучните приоритети од програмата на Владата за забрана на изградба на мали хидроцентрали во заштитени подрачја и национални паркови. Екологистите сметаат дека основната цел на законот треба да е заштита на природата, а не нејзино […]

„Фронт 21/42“ бара нова јавна расправа за Нацрт-законот за прогласување на Шар Планина за национален парк

ноември 6, 2020

Невладината организација Фронт 21/42 реагираше во врска со јавната расправа за Нацрт- законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, која вчера ја организираше Министерството за животна средина, онлајн на платформата ZOOM. Од Фронт 21/42 се незадоволни што поголемиот дел од времето, предвидено за расправа измина во презентирање на документација и веќе […]

Фронт 21/42 бара стопирање на изградбата на нови хидроцентрали кои се причина за колапс на екосистемите

октомври 27, 2020

Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 сe приклучува кон Манифестот на европските невладини организации против изградбата на нови мали хидроцентрали, потпишан од над 150 европски невладини организации. Со документот се бара од Европската Унија, Европската инвестициона банка и Европскиот Парламент, да се запре поддршката и финансирањето на нови хидроцентрали. „Целта е да си ги зачуваме […]

И со новата Стратегија за енергетика, јагленот останува најголемата опасност за природата и живиот свет

април 26, 2020

Продолжувањето со користење на фосилните горива, особено на јагленот како енергенс, е една од најголемите опасности за водата, воздухот, почвата и живиот свет, нотира Оценката на влијанието на Стратегијата за енергетика до 2040 врз животната средина. Анализата ги разгледува влијанијата на Стратегијата како целина и во поширок обем, а нотирани се и негативните и позитивните […]

Фронт 21/42: Препораките на УНЕСКО се далеку од исполнети во Охрид

октомври 1, 2019

Еколозите критикуваат дека на четири месеци пред истекувањето на крајниот рок, препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион се далеку од исполнети. Од „Фронт 21/42“ посочуваат дека нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување за нивното исполнување, бидејќи клучниот Закон за Охридскиот регион не е усвоен од Собранието. Од оваа здружение на граѓани потсетуваат […]

Прирачник за борба против малите ХЕЦ и за спас на македонските реки од „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“

мај 21, 2019

„Инспирирајте се од приказната за Националниот Парк Маврово и зачувајте ги последните диви и слободни реки во Европа!“ Ова е пораката која екологистите собрани околу иницијативата за спас на најстариот национален парк во Македонија – НП Маврово од изградба на хидроцентрали во заштитените подрачја со ретка природна убавина, „Фронт 21/42“, „Еко-свест“, како и германските фондации […]

Владата ја стопира ХЕЦ Жировница 3, жителите велат дека нема да дозволат изградба ниту на другите две мали ХЕЦ

мај 15, 2019

Владата ја поништи постапката за доделување на концесија за хидроцентралата Жировница 3 во Националниот парк Маврово. Ова е една од трите концесии, кои Владата вчера одлучи да не ги додели, додека на истата седница додели дури 18 концесии за изградба на други мали хидроцентрали во земјата. Овој потег на Владата следува откако во јануари годинава […]

Бујаровска: Животната средина ќе се уништува сè до стартот на преговорите со ЕУ

март 19, 2019

За неодговорна држава и забрзаното уништување на природата за да се фати последниот воз пред скринингот на ЕУ, за тоа колку профитот е поважен од екологијата и за погрешните стратегии кои Македонија ја враќаат во 19. век, „Мета“ зборуваше со Александра Бујаровска од еколошкото здружение „Фронт 21/42“, експерт за криминално право од областа на животната […]

Екологистите до Макрадули: Водно е заштитено, ќе ви подариме примерок од Законот

септември 6, 2018

Не е точно дека Водно не е заштитено подрачје. Водно е заштитено со закон, категорични се екологистите кои застанаа во одбрана на планината, откако пролетва беше најавено започнување на изградбата на делницата 5 од гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар. Одговарајќи на изјавата од понеделникот на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, […]

Екологисти бараат целосен мораториум за Охридското Езеро

јуни 21, 2018

Активистите на Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“ по повод 21 јуни Денот на Охридското Езеро денеска до пратениците во Собранието повторно испратија отворено писмо во кое се бара доследна примена на мораториумот за инфраструктурни проекти на крајбрежјето. Здружението „Фронт 21/42“ минатата година до пратениците и надлежните институции испратија такво барање, парафирано со потписи на […]

Екологистите бараат од владата мораториум за градење на брегот на Охридското Езеро

април 20, 2018

Еколошките здруженија, „Фронт 21/42“, „ОхридSOS“ и „Еко-свест“ преку отворено писмо побараа од премиерот Зоран Заев итно воведување мораториум на сите крајбрежни и и урбани трансформации во Охридскиот регион, според препораките на УНЕСКО. Во дописот, здруженијата укажуваат на активности на терен кои веќе значат непочитување на препораката од УНЕСКО – како продолжување на изградбата на спорниот […]

Бујароска: Од Владата очекувавме повеќе против загадувањето

јануари 14, 2018

Посериозно почна да се решава проблемот со загадувањето, но не со брзината со која очекувавме да се остварат барањата нa еколошките организации, вели Александра Бујароска од Фронт 21/42, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. За печката за медицински отпад на депонијата „Дрисла“ таа вели дека во времето кога е инсталирана одговарала и на европските […]

Еколозите со предупредување: Охрид може да биде избришан од листата на УНЕСКО

ноември 10, 2016

Еколошките здруженија „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека постои опасност Охридскиот Регион, наместо на листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО, во февруари следната година да се најде на листата на загрозено наследство. Истовремено, иницираа жалба пред Постојаниот комитет на Бернската конвенција во Стразбур. „Планираните развојни проекти на брегот на Охридското Езеро и […]

Еко-кампања за зачувување на Охрид

јули 20, 2016

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, објави дека во соработка со „Еко-свест“, денеска во Охрид ќе организира презентацијата, насловена „Едно е!Вредно е!“. Презентацоијата е дел од кампањата за зачувување на Охридскиот Регион, единственото од УНЕСКО заштитено подрачје во Македонија. – Како дел од кампањата ќе бидат претставени и заклучоците за Степенот на зачуваност на светското […]

Страна 2 од 2