fbpx

Во јуни стартува македонско-грчката група за трговските марки со зборот Македонија

-

Првата заедничка седница на Меѓународната група на експерти од Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, ќе се одржи во јуни, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, и Генералниот секретар за меѓународни економски односи во Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос, на денешната средба во Солун ги дефинирале политичките основи за функционирањето на групата. Истовремено, Димовски и Брахос испратиле заеднички писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија (ЕУИПО) и Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), со кои ги повикале овие организации да номинираат експерти кои ќе ја советуваат Меѓународната група на ад-хок основа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...