fbpx

Заев: Гасификацијата се одвива со добро темпо

-

Изградбата на гасоводите и на гасоводните системи се одвива со добро темпо, дел од општините веќе имаат подготвено документација за изградба на дистрибутивните системи на природен гас, а во финална фаза влегува и процесот на изградба на интерконективно поврзување со гасоводниот систем на Република Грција, рече денеска премиерот Зоран Заев на Македонскиот енергетски форум 2019, што годинава се одржува под мотото „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“.

– Со тоа добиваме уште една можност за снабдување со природен гас од Азербејџан и истовремено и можност за поврзување со природен течен гас (ЛНГ) – рече Заев.

Вршителот на должност абмасадор на САД, Микаела Швајцер Блум посочи дека САД и понатаму ќе продолжат со поддршката на развојот на енергетскиот сектор во Северна Македонија.

-Американската енергетска технологија е вклопена во некои од најважните енергетски инфраструктури во регионот и пошироко во Европа.Таков пример е и соработката со Грција за увоз на американски ЛНГ гас односно течен природен гас и во оваа насока ја поздравуваме вашата соработка со Грција и изградбата на интерконектор за природен гас – рече Швајцер Блум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...