fbpx

Томан до Груби: Вратите на ЕУ се отворени, останува да ги испорачате реформите

-

Треба да се искористи моментумот на поддршка од страна на институциите на Европската Унија во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан, вратата е отворена, останува на земјите-аспиранти да ги испорачаат бараните реформи, истакнал амбасадорот на Чешката Република во земјава, Мирослав Томан на средбата со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Груби, било разговарано за актуелните случувања во Македонија, за реализацијата на реформскиот план на Владата и имплементацијата на нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор.

Груби на средбата го истакнал „значењето и напорите кои се прават во однос на решавањето на споровите со соседите“ и го посочил постигнувањето на Договорот со Бугарија за добрососедство, при што истакна дека „коалицијата со истата смелост ќе пристапи и по однос на прашањето за името со Грција“.

„Што се однесува до реформите, Груби изјави дека се залага за годинава да се реши прашањето за новиот обвинител, Законот за верификации на факти и Законот за судскиот совет, Законот за заштитени сведоци со надеж дека и опозицијата ќе продолжи да делува во Собранието, дека ќе ги поддржи и ќе стане дел од реформските решенија со што ќе се испорачаат видливи резултати до Брисел, со цел добивање на чиста препорака и датум за почеток на преговорите со Европската Унија“, стои во соопштението за средбата.

Амбасадорот Томан ја истакнал чешката поддршка за Република Македонија на патот кон НАТО и ЕУ. Тој информирал дека Чешката Република е силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дека ќе дава силен импулс и кон останатите земји-членки на Унијата во континуитет да работат на процесот на обединета Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...