fbpx

Македонија е следна држава што ќе влезе во НАТО, смета генерал Ставридис

-

Македонија е следна држава што треба да се приклучи на НАТО, изјави поранешниот командант на Северноатлантската алијанса, Џејмс Ставридис, за „Гласот на Америка“.

– Се надевам дека Грција ќе биде во можност да работи со Македонија во решавање на спорот за името, со што ќе се отвори врата за Македонија да влезе во НАТО. Мислам дека Македонија е следна држава што ќе се приклучи на Алијансата – изјави генерал Ставридис, додавајќи дека следните чекори би воделе кон обединување и зацврстување на Балканот.

Тој потсети дека и американскиот потпретседател, Мајк Пенс, на почетокот од месецов во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја истакнал поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО.

„Пенс истакна дека САД и понатаму ја поддржуваат евроатлантската аспирација на Македонија и го охрабри Заев да им даде приоритет на реформите што ќе го забрзаат нејзиниот пат во тој правец“, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...