fbpx

Променливо облачно – попладне е може локален пороен дожд

-

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните и во западните делови на земјата ќе биде променливо облачно, а попладне се очекува појава на локален пороен дожд и на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а кон крајот на денот од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локален дожд и со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 18 до 31 Целзииусов степен.

Утре, во попладневните часови, ќе дојде до зголемување на облачноста, а на повеќе места и до појава на пороен дожд и грмежи. Врнежи се очекуваат во западните и во северните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец, а дневната температура дополнително ќе се намали и во најголем дел од земјава ќе биде под 30 Целзиусови степени. Од петок се очекува стабилизација на временските услови и повторен пораст на дневната температура на воздухот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...