fbpx
Таг: Мајк Пенс

таг: Мајк Пенс

Отповикувањето на Трамп половично – претседавачот на Сенатот нема да свика седница

Откако вчера доцна вечер по македонско време Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД со 232 гласа „за“, меѓу кои и 10 пратеници од Републиканската партија, и 197 гласа „против“ донесе одлука Трамп да биде отповикан од претседателската функција, постапката речиси сигурно нема да биде завршена и тој ќе остане на функцијата до 20 јануари, кога му истекува...

Расте бројот на конгресмени што бараат Трамп да биде отповикан или отстранет од функцијата

Иако до крајот на неговиот мандат остануваат помалку од две седмици, актуелниот претседател Доналд Трамп би можел да се соочи со отстранување од функцијата во овој краток период, откако одреден број на конгресмени или сенатори од Демократската партија побараа актуелниот претседател на САД да биде отповикан или отстранет. На нив им се приклучи и еден пратеник од Републиканската партија. Причината...

Пенс до Заев: Честитки за договорот со Грција – се отвораат вратите за ЕУ и за НАТО

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев, вчера го честитал постигнувањето на Договорот на Македонија со Грција за решавање на спорот за името и им честитал на Заев и на неговиот грчки колега Алексис Ципрас за покажаното лидерство, соопшти македонската влада. „Според потпретседателот Пенс, договорот покажува јасен сигнал дека Република Македонија се доближува кон...

САД поддржуваат решение за две држави на Израелците и Палестинците

САД ќе го поддржат решението за две држави за Израелците и Палестинците, ако двете страни се согласат околу ова прашање, му пренел американскиот потпретседател Мајк Пенс на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. По средбата со египетскиот претседател за време на посетата на Египет, Пенс на новинарите им изјави дека САД се длабоко посветени да го рестартираат мировниот процес на Блискиот...

Пенс го повика Чиле да ги прекине односите со Северна Кореја

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс ги повика латиноамерикански земји да ги „прекинат сите дипломатски и трговски односи“ со Северна Кореја. Пенс денеска се состана со претседателката на Чиле, Мишел Башеле во Сантјаго и во таа прилика ја повикал да ги прекине односите со Пјонгјанг. Северна Кореја нема дипломатски претставништва ниту банкарски институции во Чиле, но двете земји имаат трговска соработка....

Трамп: Имам поголема поддршка од кога и да е, анкетите се лажни

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека има посилна поддршка од кога и да е и покрај наводите дека некои републиканци размислуваат да се кандидираат на изборите во 2020 година. „Базата на Трамп е поголема и посилна од кога и да е, и покрај лажните анкети на лажните вести“, соопшти на „Твитер“ Трамп, притоа посебно критикувајќи го, како што напиша, „пропаднатиот“ весник „Њујорк...

Москва: САД и ЕУ не се колебаа да се мешаат во внатрешните работи на Македонија

Заменик-претседателот на САД, Мајк Пенс, направи уште една серија на антируски изјави во Подгорица, заплашувајќи ги лидерите од Западен Балкан со митската „руска закана“ и притоа ја обвини нашата земја дека се обидува насилно да ги прекрои границите на регионот, стои во реакцијата на руското Министерство за надворешни работи на изјавата на Пенс дека официјална Москва се меша во внатрешните...

Пенс му пренел на Заев дека за САД е важно да се обезбеди владеење на правото

Премиерот Зоран Заев денеска во Подгорица имал средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Од Владата информираат дека американскиот потпретседател Пенс соопштил дека Македонија може да смета на поддршката од САД и изразил поддршка за политиките на Владата, како и на заложбите на Македонија за членство во НАТО. „Ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, е дека САД стојат зад Република Македонија...

Заев: Подготвени сме за соработка за земјите од регионот да станат членки на НАТО

Со нашето присуство на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, велиме дека сме подготвени да соработуваме во интерес на граѓаните на нашите држави и низ интеграциските процеси да го донесеме регионот до големото семејство на НАТО, изјави премерот Зоран Заев на воведното обраќање на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, на кој Македонија претседава и е кодомаќин со Црна...

Заев утре кодомаќин на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба во Подгорица

Премиерот Зоран Заев, заедно со премиерот на Црна Гора, Душко Маровиќ, ќе биде кодомаќин на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, што ќе се одржи утре во Подгорица, а на кој ќе учествува и потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Делегациите на земјите членки на Јадранската повелба ќе ги предводат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на...

Македонија е следна држава што ќе влезе во НАТО, смета генерал Ставридис

Македонија е следна држава што треба да се приклучи на НАТО, изјави поранешниот командант на Северноатлантската алијанса, Џејмс Ставридис, за „Гласот на Америка“. - Се надевам дека Грција ќе биде во можност да работи со Македонија во решавање на спорот за името, со што ќе се отвори врата за Македонија да влезе во НАТО. Мислам дека Македонија е следна држава што ќе се приклучи...

Пенс освен со Заев, разговарал и со грчкиот премиер Ципрас

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, вчера по телефонскиот разговор со премиерот на Македонија, Зоран Заев, телефонски се слушнал и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, соопшти Белата куќа. Пенс и Ципрас во телефонскиот разговор ги реафирмирале долготрајните врски помеѓу Грција и САД. „Потпретседателот му честиташе на грчкиот премиер за напредокот кон закрепнување од економската криза и му се заблагодари за улогата...

Пенс во разговорот со Заев ги поздравил процесите на новата влада за демократија

Премиерот Зоран Заев синоќа телефонски разговарал со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој, како што соопштуваат од владиниот кабинет, ги поздравил процесите што Владата ги почнала за демократија, слобода и за правда во Македонија. „Потпретседателот Пенс ги оцени чекорите на новата влада на полето на добрососедските односи како меѓународни успеси. Потпретседателот Пенс изрази поддршка на планот „3 – 6 – 9“...

Заев: Потпретседателот на САД ми пренесе поздрав од Доналд Трамп

Премиерот Зоран Заев на својот твитер-профил попладнево соопшти дека имал телефонски разговор со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој, како што вели Заев во твитот, ги поддржал реформите во Македонија. Потпретседателот на САД на премиерот Заев му пренел поздрав од американскиот претседател Доналд Трамп. „Се слушнав предмалку со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Ги поддржа реформите во Македонија и пренесе...

Бејли: Посетата на потпретседателот Пенс е потврда за посветеноста на САД на регионот

Учеството на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, на состанок на Јадранската повелба на 2 август во Подгорица, со кој ќе претседава Република Македонија, е потврда за посветеноста на Вашингтон на регионот, изјави американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли. - Посетата на потпретседателот Пенс е, пред сè, за да зборува со партнерите и со сојузниците од регионот за посветеноста на САД на овој...

Носачот на авиони на САД наскоро ќе пристигне во Јапонското Mоре, најави Пенс

Американскиот носач на авиони „Карл Винсон“ за неколку дена ќе пристигне во Јапонското Mоре, изјавил денеска во Сиднеј, потпретседателот на САД, Мајк Пенс, пренесуваат светските агенции. Вашингтон, на почетокот на овој месец, најави дека носачот на авиони и неговата флота ќе тргнат кон Корејскиот Полуостров, што беше протолкувано како демонстрација на сила на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп. „Очекуваме...

Пенс ја предупреди Северна Кореја да не ја тестира решителноста на САД

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Северна Кореја да не ја тестира решителноста на американската војска затоа што таа ќе одговори на ефикасен начин на употребата на нуклеарно и на конвенционално оружје. Во рамки на посетата на Јапонија, Пенс на американскиот носач на авиони „УСС Роналд Реган“ рече дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува „внимателно да работи“ со...

Јункер го предупредил Трамп дека колапсот на ЕУ води кон нова војна на Балканот

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го предупредил претседателот на САД, Доналд Трамп, дека евентуален колапс на Европската Унија ќе доведе до нова војна на Балканот. Јункер во интервју за „Фајненшал тајмс“ изјавил дека во разговор со новиот заменик-претседател на САД, Мајк Пенс, гп предупредил Трамп да престане со реториката што поттикнува и други држави да си заминат од ЕУ по...

И Пенс, како Клинтон, вршел државни работи преку приватна е-пошта

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја користел својата приватна е-пошта за вршење јавни работи во време додека бил гувернер на американската држава Индијана, покажуваат јавните податоци во кои имале увид „Индијанаполис стар“. Весникот вчера објави дека е-пораките, кои се добиени по барање за јавен пристап на податоци, покажуваат дека Пенс, додека бил на таа функција, комуницирал со советниците преку налог на „АОЛ“...

Пенс и Могерини за подлабока соработка на САД и на ЕУ

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска, на почетокот на средбата со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изјави дека неговата земја ќе ги истражи начините за продлабочување на осносите со Европската Унија. Пенс ги почна состаноците со претставниците на ЕУ и на НАТО со средба со Могерини во Брисел, во време да длабок скептицизам меѓу европските членки за насоката на надворешната...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...